1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО со дополнителни војници на Косово

НАТО испраќа дополнителни 550 германски и 150 австриски војници на Косово. Од Приштина и седиштето на НАТО во Брисел се подвлекува дека станува збор за превентивна мерка во пресрет на изборите во Србија.

НАТО започна со разместување на дополнителни трупи на Косово со намера да ги намали тензиите во пресрет на претстојните српски избори. Во Приштина пристигнаа првите 250 германски војници од резервниот состав на НАТО. Портпаролот на КФОР Марк Стамлер информираше дека допремувањето на трупите ќе трае до понеделник. Тој додаде дека разместувањето на нови трупи се врши на барање на командантот на КФОР, германскиот генерал Ерхард Древс. Дополнителниот батаљон со 550 германски и 150 австриски војници ќе биде под негова директна команда.

И портпаролката на НАТО Оана Лунгеску во Брисел подвлече дека испраќањето на дополнителните НАТО војници се темели на „проценката за безбедносната состојба“. „Сакаме да биде подготвени за секое евентуално зголемување на тензиите“, изјави Лунгеску и апелираше до „секого во регионот, да се воздржи од зборови и дела, кои би можеле да доведат до натамошно насилство“.

Во Србија на 6 мај ќе бидат одржани претседателски, парламентарни, покраински и локални избори.