1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО слави 60 годишен јубилеј

Во фокусот на самитот во Стразбур, Баден-Баден и Кел ќе биде американската стратегија за Авганистан. Една од главните точки е и барањето нов генерален секретар. Самитот е следен од протести на противниците на Алијансата.

default

Самит на НАТО

Една од најважните теми на самитот секако е идната стратегија на Алијансата. Сегашната стратегија беше донесена две години пред терористичките напади во САД во 2001 година. Но, на усвојување не се смета до пред наредниот самит.

Dänemark Ministerpraesident Anders Fogh Rasmussen soll Nato Generalsekretär werden

Андерс Фог Расмусен наследник на Де Хоп Шефер?

На дневниот ред стојат и неколку прашања кои не можат толку долго да чекаат - нов концепт за ангажманот во Авганистан и изборот на генерален секретар на Алијансата. За тоа кој ќе биде наследник на Јаап де Хоп Шефер се‘ уште има дискусија, но како фаворит важи данскиот премиер Андерс Фог Расмусен.

Обама во Баден-Баден и Стразбур

На самитот на НАТО ќе учествува и американскиот претседател. За првпат по изборот на оваа функција, Барак Обама денеска (03.04.2009) доаѓа во Франција и во Германија, во Стразбур и во Баден-Баден.

Двајцата домаќини, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози, денеска ќе имаат билатерални средби со американскиот претседател Барак Обама, а вечерва ќе ги примат учесниците на самитот на работна вечера во Баден-Баден.

Организаторите очекуваат големи демонстрации

Покрај очекуваниот одушевен прием од страна на дел од граѓаните, пред се‘ за американскиот претседател, се очекуваат и масовни протести на противниците на НАТО против самитот.

Demonstration Protest gegen Nato Gipfel in Strasburg

Анти-НАТО протести во Стразбур

Во центарот на Стразбур се забранети демонстрации. Синоќа, по судирите кои таму се случија, полицијата уапси околу 200 луѓе. Станува збор пред се‘ за млади луѓе.

Во Баден-Баден полицијата очекува околу две илјади демонстранти. Централниот дел на градот е обезбеден со повеќе зони во кои е забранет пристап. Протестите таму главно се мирни. Организаторите ги истакнуваат своите барања од државите да одвојуваат помалку пари за вооружување и опремување на армиите, а да вложат поголем ангажман во борбата против сиромаштијата. Водачите на протестите во Германија од движењето „Block NATO“ ги осудија насилствата. Немаме никакви симпатии за дивеењето и насилството, изјави Рајнер Браун од организацијата на демонстрациите.

Автор: ЖА/дпа/ап/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM