1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО се подготвува за „секоја можност“ во Либија

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд денеска (03.03) започна истрага против либискиот лидер Моамер ел Гадафи.

default

Борбите кај градот Брега и натаму траат

Гадафи и други претставници на неговиот режим, меѓу кои и некои од неговите синови, се осомничени за злосторства против човештвото, соопшти обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Луис Морено Окампо во Ден Хаг.

Luis Moreno Ocampo

Луис Морено Окампо почна истрага против Гадафи и синовите

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата нема намера воено да интервенира во Либија, но дека се подготвува за „секоја можност“. Расмусен истакна дека официјални преставници на НАТО го примиле барањето на либиската опозиција за воздушни напади против силите лојални на Моамер ел Гадафи.

Од Либија и денеска пристигнуваат информации за жестоки борби меѓу бунтовниците и приврзениците на Гадафи, особено околу источно либискиот пристанишен град Брега, кого и денеска го нападнале либиски борбени авиони. При неуспешна акција за евакуација на холандски државјани во градот Сирта, пак, тројца холандски маринци паднаа во рацете на трупите на Гадафи. Не стивнува ниту бранот бегалци.

Автор: АТ/ЖА/дпа/афп/макфакс

Редактор: Е.М.Фиданоска

DW.COM