1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО-Русија: по лутината, нужна соработка

Советот НАТО-Русија беше формиран во 2002 година, а по војната во Грузија во 2008 година беше ставен на мраз. Но, со Барак Обама мразот повторно почнува да се топи, дијалозите продолжуваат.

default

Денеска (27.06.2009) министрите за надворешни работи на НАТО и на Русија се среќаваат првпат по грузиската војна.

Нов квалитет во односите

На официјалната интернет страница на НАТО стои датумот на создавањето на Советот НАТО Русија, мај 2002 година. Поранешниот генерален секретар на Алијансата, Џорџ Робертсон, тогаш рече дека се отвора сосема ново поглавје во евроатлантските односи. А тогашниот руски претседател Владимир Путин изрази надеж дека квалитетот на врските кон НАТО и во иднина натамошно ќе се развива.

Оваа надеж најпрво се потврди. Односите оттогаш се продлабочени. Но, војната меѓу Грузија и Русија во август 2008 година ненадејно му стави крај на приближувањето. Тогашниот американски претседател Џорџ Буш реагираше разочарано и налутено: „Минатите години Русија се трудеше да стане дел од дипломатските, политичките, економските и безбедноснополитичките структури на 21 век. САД ги поддржуваа овие напори. Сега Русија ги става овие цели на коцка. Русите сроведуваат акција во Грузија која е спротивна на основите на овие институции. Ако Русија сака да спречи натамошно наштетување на односите со САД, Европа и другите нации, ако сака повторно да ја врати својата положба во светот, тогаш мора да го одржи зборот и да ја заврши кризата.“

Лутина, но и долгорочни интереси

Во знак на протест, НАТО привремено ги замрзна односите во

Russland Panzer rollen nach Georgien

Војната на Русија во Грузија го налути НАТО

Советот НАТО Русија. Но, во момент на кулминација на кризата, во август 2008 година, имаше политичари кои одеа по друг пат. Тие се држеа кон долгорочните интереси. Меѓу нив и германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер: „Стабилноста во Кавказ крајно нема да ја постигнеме без и контра на Русија, туку само со неа.“

Но, последните месеци се‘ повеќе се пробива ставот дека и покрај разликите во мислењата не треба да постои откажување од заедничкиот форум за разговори. Во декември 2008 година НАТО реши неформално да ги продолжи разговорите во Советот НАТО Русија. Пробив предизвика смената во Белата куќа. Претседателот Барак Обама се залага за нов почеток со Русија. Во март 2009 година генералниот секретар Јап де Хоп Шефер по состанокот на министрите најави: „Министрите заклучија Советот НАТО Русија да се активира формално што е можно поскоро по самитот во Стразбур и Кел. “

Со тоа патот за средба на министерско ниво беше отворен. Советот сега го има својот стар статус како пред кавкаската војна. Претставниците на НАТО меѓутоа нагласуваат дека тоа во никој случај не значи согласност со руската политика, ниту на Кавказ, ниту каде било.


Avtor: Кристоф Хазелбах/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска