1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО реагира на руската одлука за истапување од договорот за конвенционално оружје

*

НАТО изрази загриженост поради последниот чекор на Русија за истапување од договорот за конвенционално вооружување. Од Брисел се вели дека земјите членки на Алијансата не сметаат дека е добар потег, доколку водството во Москва би се повлеклно од договорот. Долниот дом на рускиот парламент, претходно едногласно гласаше за истапување од договоро за конвенционално вооружување во Европа. Рускиот претседател Владимир Путин уште пред неколку месеци се закани дека Русија ќе истапи од договорот поради планираниот антиракетен штит на САД во Полска и Чешка.