1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО – проширување

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска во Осло разговараат околу идните проширувања на алијансата. Министрите треба да ги охрабрат Македонија, Хрватска и Албанија да продолжат со реформите за влез во НАТО. Освен тоа, министрите на алијансата ќе разговараат и за односите на НАТО со земји како Австралија, Јапонија и Јужна Кореја, кои не се дел од сојузот, но кои тесно соработуваат со алијансата во кризни региони како што е Авганистан. Вчера, НАТО апелираше до Русија да не го замрзнува Договорот за конвенционалните сили во Европа, или скратено КСЕ. Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер од рускиот претседател, Владимир Путин побара промена на ставот во врска со договорот. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по средбата со рускиот колега, Сергеј Лавров оцени дека секоја суспензија на важечкиот договор е чекор во погрешна насока. Штајнмаер предупреди од можна спирала на недоверба. Рускиот претседател Путин својот потег го образложи, меѓу другото, со американските планови за анти-ракетен штит во источна Европа. Инаку, КСЕ- договорот важи како основа за конвенционалното разоружување во Европа. Тој беше склучен во 1990 година меѓу НАТО и тогашниот Варшавски пакт и во него е определена горната граница за вооружување како тенкови, авиони и артилерија.