НАТО – проширување | Вести | DW | 27.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО – проширување

26-те држави членки на НАТО ги повикаа земјите кандидати за членство во алијансата: Македонија, Хрватска и Албанија да ги продолжат внатрешните реформи. Нема бланко-пропусница за влез во воениот сојуз, изјави претставник на алијансата во Осло, по состанокот на министрите за надворешни работи. Решението за членството на трите змеји ќе биде донесено на самитот на НАТО во април идната година. Руските колебања околу проширувањето тоа во никој случај нема да можат да го спречат, изјави претставникот на алијансата. Според неговите зборови, министрите освен тоа, побарале брзо решение на Советот за безбедност за идниот статус на Косово. Непотребните одлагања можат само да ги зголемат затегнатостите во покраината.