1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО: Политиката на отворени врати останува

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во годишниот извештај за состојбите во Алијансата ја повторува посветеноста за прифаќање нови членки во сојузот, меѓу нив и Македонија.

НАТО ќе продолжи да работи со Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија во исполнувањето на неопходните реформи за постигнување на стандардите на Алијансата, се вели во Годишниот извештај за работата на Генералниот секретар на алијансата Андерс Фог Расмусен за 2012 година.

„На самитот во Чикаго, НАТО се состана со четирите партнери што се аспиранти за членство во НАТО – Босна и Херцеговина, Грузија, Црна Гора и поранешната југословенска Република Македонија – и ја повтори својата посветеност за прием на нови членки. НАТО ќе продолжи да работи со сите четири земји на реформите неопходни за исполнување на стандардите на Алијансата“, се вели во извештајот, во поглавјето насловено „Задржување на политиката на отворени врати“.

Генералниот секретар на НАТО, годишниот извештај денеска јавно го претстави во седиштето на Алијансата во Брисел.