1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

НАТО не може да го реши проблемот со името

Генерал-полковник Јирген Борнеман, прв човек на Меѓународниот воен штаб на НАТО во Брисел, за Дојче веле зборува околу проблемот со името, идното членство на Македонија во Алијансата, безбедноста...

default

Генерал-полковник Јирген Борнеман

„Македонскиот придонес во ангажманот на НАТО во Авганистан е од исклучителна помош, се вреднува и од сите е поздравен! Импресивно е како земја како Македонија се вклучува во оваа меѓународна мировна мисија, со што е една од педесетте држави кои преку НАТО-сојузот ги извршуваат задачите во Авганистан“, изјави за ДВ генерал-полковник Јирген Борнеман, генерален директор на Меѓународниот воен штаб на НАТО во Брисел, кој учествуваше на Берлинската конференција за европската безбедност и одбрана.

Со оглед на тоа што Македонија и покрај учеството во мировните мисии се’ уште не е полноправна членка на Алијансата, генерал-полковник Борнеман на прашањето - до кога ќе трае ваквата ситуација и може ли да се случи земјата да остане „бела“ дамка во регионот, одговара:

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne

Во НАТО мисијата во Авганистан ќе се вклучат уште 172 македонски војници

„Не верувам! Убеден сум дека Македонија припаѓа не само географски на Европа и трансатлантскиот простор, туку и вистински на НАТО. Знаете дека со Акционен план за членство земјата има статус на иден член, со што во основа е донесена одлуката дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО“, вели Борнеман кој подвлекува дека има само мал проблем кој Алијансата не може да го реши, а тоа се разликите околу името со Грција. Тој, меѓутоа, е убеден дека во моментот кога проблемот со името ќе се надмине, Македонија многу брзо ќе може да стане членка на Сојузот.

Дали наредниот самит на НАТО во Чикаго (април 2012 година) и за Македонија ќе значи и членство, ако спорот со името се надмине? Генерал-полковник Јирген Борнеман вели:

„Не би сакал да шпекулирам дали до наредната година ова ќе се случи или не. Им посакувам на македонскиот народ и владата овој проблем да го надминат. Колку поскоро, толку подобро!“

Без рефлексии од Косово

Последниве недели состојбата на северот на Косово е заострена. Дали постои ризик дел од тензиите да се одразат врз стабилноста на Македонија? Борнеман одговара:

Kosovo - Erzengelkloster bei Prizren

КФОР останува на Косово...

„Се надевам дека немирите кои и порано на Косово ги имало, нема да се рефлектираат врз Македонија. Тоа секако би бил развој кој не се посакува.“

Борнеман дополнува дека последниве недели покажале дека Косово, како и порано, има потреба од меѓународна поддршка за да се стабилизира. Размислувања за повлекување на НАТО силите од Косово ќе мора да бидат одложени. Ситуацијата на Косово, посебно на северот се покажала како нестабилна. Се потврдило дека за стабилизирање на земјата е потребно натамошно меѓународно присуство и ова се однесува и за ЕУ и за НАТО мисиите. Важно е во овој момент сите инволвирани страни да увидат дека военото решение не е вистинското, вели тој и додава дека не може КФОР со примена на воени средства да го обезбедува мирот на северот, туку мора да има политичко решение кое би било осигурано преку военото присуство на КФОР. Што се однесува до НАТО, заради безбедноста на луѓето на северот, од летово Алијансата ги зајакнала своите сили на Косово. Борнеман смета дека сега политичарите треба да обезбедат решение кое ќе дозволи редуцирање на военото присуство.

Границите и нивната улога

Karte von Kosovo Serbien Albanien und Montenegro

Место прекројување на границите - евро-атлантско интегрирање на Балканот!

Околу гласините за прекројување на границите на Балканот, Борнеман коментира дека е незамисливо некакво воено решение. Познато е дека границите меѓу Косово и Србија се спорни и за нив може да има само политичко решение, кое би финализирало со интеграцијата на целиот Балкан, вклучувајќи ги Косово и Србија во евро-атлантските структури, оценува тој:

„Се видело дека онаму каде Унијата не ги поставува во прашање границите, можно е нивно отворање. Кога некој е член во ЕУ и НАТО, границите повеќе не играат улога и сметам дека тоа е перспектива и за Србија, но и за Косово“, дополнува генеал-полковникот Борнеман.



Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска