1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

НАТО мора да помогне и во Ирак

Денеска во Брисел започна дводневното есенско заседание на министрите за надворешни работи на НАТО. Покрај Ирак, на дневен ред е и ангажманот на алијансата во Авганистан ИСАФ.

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон заседанието го започна со за него радосна вест. Неговите интензивни апели до земјите членки конечно да стават на располагање трупи и опрема за продолжување на мисијата ИСАФ во Авганистан дадоа резултат:

"Среќен што можам да соопштам дека ги имаме важните делови за Кабул и за силите на ИСАФ". По состанокот на министрите за одбрана на алијансата произлезе дека недостигаат хеликоптери и војници за аеродромот во Кабул кој во моментов е под команда на германскиот Бундесвер. Сега е предвидено германските едници во февруари да бидат заменети со белгиски и чешки единици. Робретсон истакна дека НАТО не смее да доживее неуспех во Авганистан. Тоа важи и за Ирак каде што освен САД и Велика Британија и други земји од НАТО, главно симболично, но имаат стационирано свои единици. Полска, која има сопствен сектор, ќе добие логистичка поддршка од НАТО, но како сојуз тоа не игра никаква улога во Ирак. Тоа би требало да се промени, смета Робертсон:

"НАТО мора да им помогне на земјите членки кои имаат водечка улога во Ирак и мора да се подготви да преземе нови задачи и мисии".

Европските сојузници за ситуацијата во Ирак ќе разговараат со американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел кој посакува поголема поддршка и од поранешните противници на војната во Ирак, како Франција и Германија. Пауел вложува напори за хармонија во сојузот и затоа се очекува веќе да не се противи на плановите на Европската унија да формираат сопствена воена единици за планирање и водење. Министрите за надворешни работи пред неколку дена договорија намалена верзија на нивните одбранбени планови во која веќе не се зборува за европска главна команда и оти НАТО останува прв избор во воените операции. Германскиот министер Јошка Фишер веќе не очекува поголеми несогласувања: "Ние имаме нацинални главни команди, а ќе имаме потреба од координација на европско ниво. Мислам дека она што сега го предлагаме ќе биде во полза на сите". Европската унија во која од идните 25, 18 се и членки на НАТО и понуди на алијансата кон крајот на идната година да ја преземе мисијата СФОР во Босна и Херцеговина. Министерот Фишер не ги споделува сомнежите на САД дека Европејците нема да бидат во состојба да водат толку голема мисија:

"Колку што јас знам Европејците можат тоа да го направат. Зад нас имаме успешно завршена мисија во Конго, под водството на Франција. А, сме ангажирани и во Авганистан иако тоа не е мисија на ЕУ. Но, главниот товар во ИСАФ мисијата во Кабул паѓа врз европски рамења". За евентуалното менување на штабовите од НАТО кон ЕУ во Босна ќе се решава на самитот во јуни идната година во Истанбул кога формално ќе бидат примени и седумте нови членки на НАТО од Источна и Југоисточна Европа. Нивните министри за надворешни работи денеска за првпат учествуваат на седница на советот на НАТО.

Поврзана содржина