1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

НАТО-министрите за надворешни работи расправаат за Јадранската тројка

НАТО сака брзо зачленување на Хрватска, Македонија и Албанија во Алијансата, изјавија дел од министрите на алијансата во Брисел. Неизвесно е дали Македонија наместо покана може да добие грчко вето.

default

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер денеска (06.03.08) повика на брзо проширување на Алијансата: „Албанија, Македонија и Хрватска работеа напорно за да ги достигнат стандардите кои НАТО ги припишува за земјите членки. Досега велевме дека е рано да се разговара за членството на трите земји кои се дел од Акцискиот план за членство, МАП. Но, сега е дојдено време за тоа“, рече Шефер.

Агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека меѓу земјите членки постои согласност за проширувањето на Алијансата, но сеуште е неизвесно дали тие ќе ја добијат поканата на априлскиот самит во Букурешт, бидејќи се‘ зависи од тоа дали ќе се постигне договор меѓу Македонија и Грција за спорот со името.

Treffen Außenministerrat Frank Walter Steinmeier

Франк Валтер Штајнмаер

„Ако нема договор по ова прашање, нема да можеме да донесеме одлука, поради несогласувањето на Грција“, изјави пред средбата, шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Тој нагласи дека Германија се залага за членството на Хрватска, Албанија и Македонија бидејќи тоа е во интерес на стабилноста на Балканот. Според агенцијата ДПА, во наредните недели ќе се знае дали Македонија и Грција ќе го надминат спорот. Во спротивно Атина се закани со вето за членството на земјата во НАТО.

„Разликата е во тоа што Грција е членка на НАТО, а Поранешната Југословенска Република Македонија не е“, рече Штајнмаер и додаде „оттаму е сосема јасно дека за ова прашање мора нешто да се придвижи“.

Инаку, една од одлуките кои треба да ја донесат министрите е дека следната рунда проширување на НАТО треба да се случи за една, најмногу две години, односно толку време да помине од кога земјите кои ќе добијат покани ќе станат и членки.

Министрите разговараат и за Украина, Грузија, Босна и Херцеговина, Црна Гора...

Инаку, министрите денеска разговараат и за барањата на Украина и Грузија да бидат примени во Акцискиот план за членство, МАП, што е последна фаза пред членство, но поголемиот дел од земјите, меѓу кои и Германија и Британија се песимисти дека одговорот од Брисел ќе биде негативен. Министрите ќе разговараат и за јакнење на врските со Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и за мисиите на НАТО во Косово и Авганистан.