1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО конечно командува со операцијата во Либија

НАТО ја презема целосната команда со операцијата за заштита на цивилите во Либија. Ова го потврди генералниот секретар на Северноатланската алијанса Андерс Фог Расмусен по вчерашниот состанок на 28-те земји членки.

default

Во воената офанзива во Либија нема да учествуваат германски војници, владата во Берлин ова постојано го нагласува, меѓутоа Германија гласаше, НАТО да ја преземе командата во Либија. „НАТО членките донесоа одлука, заеднички да ја преземат воената операција во Либија“, рече генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Меѓународната коалиција под водство на Американците, Французите и Британците, која ја започна воената интервениција, целосно ќе ја предаде командата.

Krieg in Libyen Flash-Galerie

Од минатиот вторник НАТО застана на чело на поморската блокада, со која треба да се спречи испорака на оружје и прилив на нови странски платеници преку Средоземното Море. Во петокот НАТО најави дека има намера да командува со воената операција за забранета зона на летови. Сега Алијансата го презема и последниот дел од воената акција: „Наша цел е да ги заштитиме цивилите и областите населени со цивили, на кои им се закануваат напади од режимот на Гадафи “, рече Расмусен.

Belgien NATO Generalsekretär Anders Fogh Rasmussen in Brüssel

Генералниот секретар на НАТО

Ова подразбира воздушни напади, кои не се насочени само против либиското воздухопловство и противвозушна одбрана, туку и против либиските трупи, оклопни возила и останати воени возила, кои се обидуваат да ги нападнат цивилите. Поради ваквите воздушни напади, противниците на Гадафи, кои претрпеа загуби, повторно тргнаа во офанзива. Воената алијанса се повикува на членот 4 на резолуцијата на ОН за Либија, кој предвидува употреба на сите неопходни средства за заштита на населението, исклучок е употреба на копнени трупи. „НАТО ќе ги спроведе аспектите на резолуцијата на ОН, ништо повеќе и ништо помалку“, увери Расмусен.

За натамошните чекори во Либија, утре во Лондон треба да биде одржана конференција на која е најавено учество на шефовите на ОН, НАТО и Африканската унија како и преку 30 министри за надворешни работи.

Автор: Андреас Ројтер/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски