1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО како глобален пожарникар?

Несомнено е дека НАТО мора да се промени. Но, какви задачи треба да преземе во иднина? САД имаат сопствени идеи, за кои сакаат да се дискутира на самитот во Чикаго.

Лов на пирати пред брегот на Сомалија, напади од воздух против трупите на Гадафи во Либија, обука на армијата на Авганистан - НАТО се’ повеќе презема задачи надвор од реонот на неговите фактички задачи; токму како што посакуваат САД. Николас Барнс, американски амбасадор во НАТО (2001 - 2005), во говорот што го одржа во март во Чикашкиот совет за глобални прашања, рече: „НАТО мора да биде најкомпетентниот за укажување прва помош во светот“. Северноатлантската алијансата во иднина ќе ги засилува односите со земјите од арапскиот свет - Тунис, Египет, целиот Блиски Исток. Во април во Норфолк, Вирџинија, на конференција за НАТО на Советот за светски прашања, слично се заложи и државниот секретар на САД Хилари Клинтон : „НАТО е’ и останува трансатлантска организација, но проблемите со кои сме денес соочени не се ограничуваат на еден океан, па и нашата работа исто така не може да се ограничи“.

Европејците и Американците - неединствени

Таквите барања наидуваат на скепса кај Европејците. Нивните армии воопшто не се ни поставени за готовност за големи акции насекаде во светот, смета

Dr. Gordon Adams

Гордон Адамс: Европејците повеќе се ограничуваат врз Европа и поблиското опкружување, додека Американците размислуваат глобално

доктор Гордон Адамс, професор по меѓународни односи на Американскиот универзитет во Вашингтон, кој во периодот 1993 - 1997 во Белата куќа беше надлежен за надгледување на буџетот за одбрана на САД. „Во безбедносно-политичките размислувања, Европејците повеќе се ограничуваат врз Европа и поблиското опкружување, додека Американците размислуваат глобално“, вели Адамс. Освен тоа, се покажа и дека кај антитерористичките акции Европејците тежиште ставаат врз полициските задачи, а САД врз воениот фактор. Покрај ова, посебно Германците, во меѓународните акции ги гледаат ОН како надлежна организација. Според нивно сфаќање, НАТО притоа не треба да биде конкурент, уште помалку да игра „чистач“ кога во ОН не може да биде постигната согласност.

Нејасност владее и во размислувањата што по 2014 во Авганистан, кога официјално треба да заврши борбениот ангажман, вели Адамс: „Која е идната улога на НАТО во Авганистан - сакаат ли Европејците воопшто да играат некаква улога таму?“ Авганистан ќе биде во фокусот на самитот во Чикаго, оти е јасно дека уште најмалку една деценија ќе зависи од меѓународната подршка.

Помина времето на копнени војни

Во 2009 година адмиралот Џејмс Џ. Ставридис стана прв морнарички офицер поставен на чело на армијата на САД. За Гордон Адамс тоа е израз на сфаќањето дека „централниот фокус на НАТО веќе не лежи во ’Фулда геп‘ (областа меѓу Франкфурт на Мајна и некогашната меѓугерманска граница, н.з.)“, односно дека најголемата закана веќе не се гледа во копнена војна меѓу

Symbolbild Nato

САД бараат од европски сојузници во иднина да играат поголема улога

Исток и Запад во срцето на Европа. „Во интервенциите на САД во изминатите 10 до 15 години беа потребни и одредени копнени трупи, но првенствено беа битни способности во воздух, напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети, бомбардирања изведени од бродови“, вели Адамс. Тука офицер на копнени трупи веќе нема никаква предност во однос на офицери од други родови војска.

САД бараат од европски сојузници во иднина да играат поголема улога. Николас Барнс тука првенствено мисли на Германија. Како водечка европска земја со најголема економска сила таа има значително влијание, „но во НАТО не го гледаме тоа влијание, ни во војничка, ниту во политичка смисла“, критикува тој.

Но, во САД има и разбирање за тоа, дека Германците не се расположени да се откажат од својата култура на воена воздржаност. Гордон Адамс укажува дека секоја земја поинаку ги дефинира своите интереси: „САД мораат да учат дека европските сојузници не ја преземаат едноставно американската дефиниција на безбедносна политика“.

На наредната страница:

Како да се постапува со намалените финансии?