1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО и Стејт департментот го осудија нападот врз Еулекс

Нападот врз возила на Еулкес на северот на Косово, во кој загина еден цариник од Литванија, и натаму наидува на осуда. Од Брисел и од Вашингтон се порачува дека нема да се толерира насилство.

Нападот врз припадниците на Еулекс на северот на Косово наиде на остра осуда од надлежните во ЕУ, а остро го осудија и Владата на Србија како и Канцеларијата за Косово и Метохија и повикаа напаѓачите да бидат пронајдени и казнети.

Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусн во Брисел исто така го осуди убиството на цариникот на Еулекс на северот на Косово и подвлече дека „насилствотото е недопсуливо и нема да се трпи“.

Осуда за нападот врз мисијата на Еулекс на Косово, во кој беше убиен еден припадник на мисијата од Литванија го осуди и Американскиот Стејт департмент.

„Изразуваме сочувство до семејството на настраданиот и жалиме поради повредите со кои се здобија неговите колеги“, се наведува во соопштението. Стејт департментот истакнува дека нема место за „насилство, закани и застрашувања“, на Косово и ги повика сите земји да работат конструктивно на пронаоѓањето одговорни за ова злосторсрво.

Припадникот на Еулекс од Литванија им подлегна вчера (19.09.) на повредите здобиени во инцидент, во близина на Звечан, кога врз возила со шестмина припадници на Еулекс беше отворен оган од заседа. Тројца припадници се ранети, а по непознатите извршители сѐ уште се трага.