1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО и Русија преговараат за ракетниот штит

НАТО очекува следната година да се договори со Русија по прашањето на Европскиот ракетен одбранбен систем (EUROPRO), изјави денеска во Сочи генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

NATO Secretary General Anders Fogh Rasmussen addresses the media at NATO headquarters in Brussels, Thursday, March 24, 2011. NATO announced on Thursday that it is taking control of the military operation to enforce the no-fly zone over Libya. (AP Photo/Yves Logghe)

Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен

Европскиот ракетен одбранбен систем (EUROPRO) е во центарот на вниманието на денешниот состанок на Советот НАТО-Русија. Соработката на европскиот ракетен одбранбен систем меѓу НАТО и Русија беше договорен на самитот во Лисабон, во ноември 2010 година. Русија смета дека развојот на концептот и самата архитектура на ракетниот штит EUROPRO треба да биде на рамноправна основа и да обезбеди соодветни мерки за градење доверба и транспарентност во областа на ракетната одбрана. НАТО, од своја страна пак, бара од Русија да има поголема доверба дека ракетниот одбранбен систем нема да се користи против рускиот нуклеарен потенцијал.

Автор: ЕМ/СН/дв

Редактор: Горан Чутаноски