1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

НАТО: Институциите во Македонија мора да функционираат

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими на денешните средби во Брисел со високи претставници на Алијансата меѓу другото разговараше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Во Македонија мора да функционираат демократските институциии. Отворениот политички дијалог е начин за надминување на разликите и земјата мора да се фокусира на значајните теми како што е напредокот во евроатлантските интеграции. Ваква порака на денешните средби со македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими во Брисел упатиле заменикот генерален секретар на НАТО, Александер Вершбоу, , помошникот секретар за нови безбедносни предизвици Габор Иклоди како и со амбасадорите на САД и на Турција при Алијансата, Иво Далдер, односно Хајдер Берк.

„Средбите со Вершбоу и со Иклоди, како и со амбасадорите на САД и Турција се однесуваат на нашата интензивна агенда за продолжување со лобирањето за членство на Република Македонија во НАТО и презентација на реформите што нашата земја ги прави во одбранбениот систем и подготовките за идниот придонес во меѓународните мировни мисии на Алијансата. Ова се редовни средби што се случуваат на почетокот на годината, каде ние ги најавуваме нашите планови и во исто време гледаме што подготвува Алијансата за во текот на годината нашите резултати и реформи да бидат поуспешни“, изјавил Бесими за македонската новинска агенција МИА.

Mazedonische Verteidigungsminister Fatmir Besimi

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими

Според министерот за одбрана, со заменикот на Андерс фог Расмусен разговарале и за политичко-безбедносната состојба во регионот, значењето на регионалната соработка и евро-атлантската перспектива како единствен пат за стабилен и мирен Балкан кој ќе обезбеди развој за регионот.

Со Вершбоу, Бесими вели дека дискутирале за идните регионални проекти во рамки на проектот „паметна одбрана” и значењето на кибернетската безбедност.

Притоа, македонскиот министер за одбрана потенцирал дека Република Македонија работи на национална стратегија во врска со ова и укажал за потребата од поддршка од страна на НАТО во овој проект, оти годинава Македонија е претседавач со А-5 групата чиј заеднички проект ќе биде „сајбер одбраната” што има поддршка од Алијансата поради тоа што ризикот од кибернетски напади е еден од најголемите во последно време.

Во заклучокот на средбите со амбасадорите и високите преставници на Алијансата, минитерот Бесими потврдил дека ќе инсистира на интензивирање на регионалната соработка во областа на одбраната што е приоритет на македонското Министерство за одбрана за 2013 година.