1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО или ОН?

Дипломатската активност за решавање на кризата на Блискиот Исток се се позасилени, но во регионот се уште оружјето го има главниот збор. Нова дилема која се јавува е дали во Либан да се стационираат трупи на НАТО или на ОН? Петер Филип ја коментира.

НАТО или ОН ќе се стационираат во Либан

НАТО или ОН ќе се стационираат во Либан

Израелскиот министер за одбрана Амир Перец беше сосема искрен кон германскиот колега Штајнмаер кога му кажа отворено дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Израел се додека Хезболах не стане безопасен и не го истера од пограничните области со Либан. Дури потоа, рече Перец ќе може да се размислува за стационираење на НАТО единици во Либан. Тоа значи дека војната во тој регион ќе потрае уште неколку дена па и недели, и покрај огромните меѓународни напори за прекин на огнот во кои се вклучени и Арапските земји, Саудиска Арабија, Египет и Јордан. Штајнмаер не ни очекуваше поинбаков одговор, со оглед на тоа дека ниту доаѓањето во регионот на неговата американска колешка Кондолиза Рајс не значи дека Американците ќе удрат на маса и ќе пресечат. Со посетата на Рајс треба само да се добие време и да остави впечаток дека нешто се случува на дипломатскиот фронт, додека всушност акција има само на воениот фронт. И Ерусалим и Вашингтон се надеваат дека Израел ќе успее да го елиминира Хезболах, но се исто така свесни дека не може да чекаат вечно. Затоа се посилни се сигналите зад кулисите да се започне подготовка за размена на заробеници и да се разгледат услови за прекин на огнот. Според нив треба Хезболах да се разоружа и да му се оневозможат патиштата за комуникација,Израел да запре со нападите, а силите на НАТО да го обезбедуваат примирјето. Се чини дека Израел и Америка свесно и ефикасно ја поддржуваат идејата за трупи на НАТО кои би биле понезависни и поефикасни. Трупите на ОН би биле создадени од повеќе мали земји како на пример Индонезија која веќе се пријави ама мора да биде одбиена поради пристрасност. НАТО заради пристрасност би требало да делуваат без САД, но и така би биле поефикасни во остварување на својот манат отколку сините шлемови. Улогата на Германија во целата работа е се уште нејасна. Двете страни го сметаат Берлин за непристрасен посредник, но воен ангажман во Израел со оглед на историското минато би требало добро да биде размислен. Со војната во Либан, утре ќе се занимаваат и на специјална конференција во Рим, но ваквите средби малку даваат резултати. Се чини и дека до тогаш малку прашања ќе бидат одговорени. Иако дипломатските напори продолжуваат, продолжуваат и борбите. Либанскиот народ се повеќе ќе пати, а во светот ќе имаат се помалку симпатии и разбирање за Израел и САД.