1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО засега без засилување на трупите во Авганистан

Без оглед на тешката безбедносна ситуација во Авганистан, во моментов во НАТО ниту една земја членка не е подготвена во земјата да испрати дополнителни војници. На вечарашната седница на во белгискиот град Монс, ниту една земја даде ветување за засилување на своите трупи. И германската влада не ја прифати молбата и вчера само заклучи да го продолжи мандатот на Бундесверот во Авганистан, без промена на манд

„Медуза„ во тешкотии, а нови војници на НАТО никој не ветува

„Медуза„ во тешкотии, а нови војници на НАТО никој не ветува

атот:

Дополнителните 2 ипол илјади војници ги побара командантот на НАТО за Европа, американскиот генерал Џејмс Џонс за борбата против изненадувачки силните Талибанци. Портпаролот на НАТО Џејмс Апатураи:

„Не беа донесени никакви заклучоци, но има позитивни сигнали. Во сите земји мораат да се одржат дополнителни политички и армиски консултации. Се додека тоа трае нема да има заклучоци„.

Велика Британија, Германија, Турција, Шпанија и Италија веќе соопштија дека не можат да испратат дополнителни сили. ИСАФ има околу 18 илјади луѓе. Портпаролот Апатураи изјави дека би можело да потрае до крајот на месецов додека да стане јасно кои земји би можеле да стават на располагање нови војници. Тогаш НАТО ќе одржи состанок во Словенија. Алијансата меѓутоа, јасно става на знаење дека операцијата „Медуза„ за уништување на талибанскиот отпор на југот на Авганистан што е во тек, не е загрозена. Таму војуваат канадски, холандски, американски, дански и авганистански војници кои претрпеа поголеми загуби од очекуваното. Апатураи:

„Мисијата се уште не исполнета, но има добар напредок. Армиските команданти на теренот се сигурни дека имаат доволни трупи за успешно да ја завршат мисијата„.

Германската влада инаку, вчера одби да префрли војници на Бундесверот од релативно мирниот север на Авганистан на југот од земјата. Кабинетот вчера само го продолжи сегашниот мандат за околу 2 илјади и 700 германски војници.

Поврзана содржина