1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО е против Косово да има своја војска

Северноатланската алијанса не е согласна Косово да добие своја војска, велат за дневникот „Коха диторе“ неименувани функционери на НАТО.

И покрај најавите на Приштина дека оваа година има намера да ја трансформира БСК во Армија на Косово, надлежните во НАТО велат дека тоа не е возможно.

„Косово може да одлучи Безбедносните сили на Косово (БСК) да ги трансформира во војска на Косово, но таков чекор не би му се допаднал на НАТО. Идниот статус на БСК е нејасен и останува тема на расправа внатре во НАТО“, изјави претставникот на НАТО за весникот.

Тој додаде дека и во Алијансата се бара пат за излегување од сегашната ситуација, бидејќи припадниците на КФОР не можат вечно да останат на Косово. Меѓутоа, според него, за оваа година најавената трансформација на
безбедносните сили во војска е невозможна, без оглед на изјавата на високите претставници на Косово.

Четири од 27-те земји членки на НАТО кои не го признаваат Косово како независна земја, Грција, Шпанија, Романија и Словачка, не сакаат Косово да добие своја војска.