1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

НАТО е отворен за проширување

Министрите за надворешни работи на НАТО се интересирале за пресудата на Меѓународниот суд на правдата за спорот со името. Темата била доминантна и на билатералните разговори на македонскиот министер за надворешни работи

default

„Ние повторно ја потврдуваме нашата политика на отворена врата, исто како и нашата одлучна приврзаност кон евроатлантската интеграција на нашите партнери кандидати за членство, во согласност со одлуките донесени на самитите во Букурешт, Стразбур-Кел и Лисабон“, стои во финалната декларација на министерскиот совет на НАТО, одржан во Брисел.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО нагласуваат дека демократските вредности, регионалната соработка и добрососедските односи се важни за траен мир и стабилност. Тие им честитаат на земјите кандидати за постигнатиот напредок и ги охрабруваат овие земји, меѓу кои и Република Македонија, да продолжат со потребните реформи.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој денес учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и земјите-контрибутори во ИСАФ, за Дојче Веле изјави дека на средбата на министрите и во билатерланите разговори што ги водел бил полажан голем интерес за пресудата од Хаг:

Der mazedonische Außenminister Nikola Poposki in Berlin

Никола Попоски: Нашите напори треба да бидат признати

„Беше изразен интерес за пресудата донесена во Хаг, и за нејзиниот правен контекст за одлуките кои треба да ги донесе Алијансата. Мислам дека проширувањето треба да остане една од клучните точки на агендата.“

Во финалната декларација, во делот посветен партнерствата на НАТО, кои се склучени изминативе години, се вели дека „тие се покажале како многу корисни“. Во тој контекст, министрите на НАТО ги поздравуваат склучените партнерства, при што е наброено и тоа со Република Македонија, поради политичката и оперативната помош кои земјата ги пружа. Во декларацијата се нагласува дека за НАТО регионот на Западен Балкан останува и понатаму стратегиска зона.

На денешниот (08.12) дел од состанокот во Брисел, министрите за надворешни работи на земјите-контрибутори во ИСАФ разменија мислења за натамошните активности и улогата на Алијансата во Авганистан за време на транзициониот и пост-транзициониот период, а се очекува да бидат разгледани и аспектите на дефинирање на Стратешкиот план на НАТО за Авганистан до и по 2014 година, во контекст на Трајното партнерство на Алијансата со Авганистан.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM