1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО дебатира за кризата во Либија

Министрите за надворешни работи на 28 земји членки на Сверноатланската алијанса во германскиот главен град бараат решение за конфликтот во Либија и ги разгледуваат можните идни чекори против режимот на Гадафи.

default

На почетокот на средбата на НАТО министрите во Верлин дојде до израз неединсвото на земјите членки по прашањето за проширување на ангажманот. Од диполоматски кругови меѓутоа се вели, дека министрите се обединети во барањето, Гадафи да ги повлече војниците во касарните. Само на тој начин може да се воспостави вистисно примирје меѓу владата и бунтовниците.

Генералниот секретар Расмусен

Генералниот секретар Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја отфрли критиката за воениот ангажман на НАТО во Либија. Силите на НАТО и сојузничките партнери ги преземаат сите можни мерки за да ги спречат бруталните и систематски напади на властодржецот Моамер ел Гадафи, рече Расмусен денеска во Берлин, на отворањето на средбата на НАТО-министрите за надворешни работи.

Франција и Велика Британија, преку своите министри за надворешни работи, пред почетокот на денешната средба критикуваа дека НАТО не преземал доволно мерки против трупите на Гадафи и борбите мораат да се интензивираат. Шпанскиот министер за надворешни работи Тринидад Хименез одби меѓутоа поголем ангажман на неговата земја за спроведување на зоната за забранети летови и ембаргото за оружје за Либија. Расмусен денеска одговори: „Делуваме за да го заштитиме населението, за да го зачуваме нивното право на слобода и да спречиме Либија да пропадне како држава“.

Домаќинот, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, на отворањето порача: „Не‘ обединува една цел, се залагаме за слободна и демократска Либија. Гадафи мора да си замине. Ги поддржуваме граѓаните на Либија, за преку политички процес, конечно самите да можат да одлучуваат за иднината на својата земја“, порача Вестервеле. Исто така и генералниот секретар на НАТО се заложи за политичко решение. „Само со воена моќ не може да се реши кризата“, подвлече Расмусен.

Гадафи да се повлече

Ангела Меркел и Хилари Клинтон

Ангела Меркел и Хилари Клинтон

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот државна секретарка Хилари Клинтон, по билатералната средба во Берлин го повикаа Гадафи да се повлече од функцијата. „Ја следиме заедничката цел, режимот на Гадафи во Либија треба да заврши. Значително ќе придонесеме оваа цел да биде реализирана.“ Германската канцеларка се заложи како за користење на „воените можности“, така и за активирање на „политички процес“.

Покрај конфликтот во Либија, на состанокот во Берлин се разгледува и ситуацијата во Авганистан, како и односите на Алијансата со Русија.

Додека во Берлин се бара решение за кризата, агенцијата Ројтерс го пренесува ставот на либиските бунтовници дека на градот Мисрата му се заканува масакр, доколку НАТО не ги прошири нападите врз трупите лојални на Гадафи. Најмалку 23 цивили биле убиени при ракетен напад на владините трупи, изјавил за агенцијата преку телефон, портпаролот на бунтовниците.

Автор: АТ/ ЕМФ/ дпа/ афп/ ртре

Редактор: Трајче Тосев

Поврзана содржина