1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО дебатира за клучните теми

Во Брисел заседаваа сите министри за надворешни работи и одбрана на земјите членки на НАТО. Пред самитот во Лисабон, каде треба да се донесе новата стратегија на Алијансата, беа дискутирани теми за иднината на НАТО.

default

Германија го прифати поставувањето на анти-ракетниот штит на територијата на Европа, но нејзиниот предлог за ослободување од нуклеарното оружје не наиде на многу симпатии во Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ги повика земјите-членки не само да го прифатат противракетниот систем кој би ги штител Европа и Северна Америка, туку побара во него да се вклучи и Русија, на што засега се спротивставува Полска. Сепак, со Русија или без неа, се очекува поставувањето на антиракетниот штит да биде одобрено на самитот во Лисабон следниот месец, иако неколку земји изразија сомнеж во капацитетите на овој систем и трошоците за негово одржување кои се проценуваат на околу 200 милиони долари.

Karl-Theodor zu Guttenberg Verteidigungsminister Guido Westerwelle Außenminister Brüssel NATO Belgien

Министрите за одбрана и надворешни работи на Германија, Гутенберг и Вестервеле

„Сметаме дека противракетната одбрана во основа е добра идеја, но веруваме дека и контролата на вооружувањето треба да биде важен дел од него“, изјави германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг.

Гутенберг и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле се обидоа да го наметнат прашањето за контрола на вооружувањето и намалување на нуклеарниот арсенал на состанокот, но наидоа на противење од Франција и САД. Германија веќе подолго време бара повлекување на американското нуклеарно оружје од нејзина територија, но досега безуспешно. За францускиот министер за одбрана Ерве Морин присуството на нуклеарките на европска територија се како француската „Мажино“ линија за време на Втората светска војна, и антиракетниот штит не може да биде замена за нив. Американскиот министер Роберт Гејтс беше на истата линија.

„Не сум слушнал за некаква поврзаност меѓу антиракетниот штит и нуклеарното разоружување. Повеќе говорници дури рекоа дека се додека живееме во свет со нуклеарно оружје, многу е важно НАТО како Алијанса да поседува такво оружје“, рече Гејтс.

НАТО 3.0

NATO Generalsekretär Anders Fogh Rasmussen NATO Treffen

Генералниот секретар на НАТО Расмусен

Генералниот секретар Расмусен најави дека со реформите предвидени на самитот во Лисабон, Алијансата треба да влезе во фазата наречена НАТО 3.0. Со неа треба да биде одговорено на современите закани како кибер-нападите, терористичките напади и проблематичните држави како Иран или Северна Кореја.

Новиот НАТО ќе има и видно намален персонален состав, откако Расмусен предложи кратење на воениот персонал од 13 на 9 илјади луѓе и затворање на 4 од вкупно 11-те командни бази, поради недостатокот на средства.

Автор: БГ/ АТ/ дв/ ап

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM