1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО ги отфрли критиките на либиските бунтовници

НАТО им вети заштита на граѓаните на градот Мисрата. „Имаме јасен мандат и ќе сториме се‘ за заштита на населението“, изјави портпарол на НАТО во Брисел, додавајќи дека Мисрата е најважен приоритет на Алијансата.

default

Претходно, воениот шеф на либиските бунтовници, Абдел Фатах Јунис, го обвини НАТО дека не прави доволно за заштита на опколената Мисрата. Според него, на градот Мисрата му се заканува „истребување“. Абдел Фатах Јунис го обвинува НАТО дека не пружа доволно поддршка. „НАТО не‘ разочара. Доколку сакаше да ја пробие блокадата на градот, тоа ќе го направеше уште пред неколку дена“, вели Јунис.

НАТО ги отфрла критиките и тврди дека се спроведува мандатот добиен од ОН. „Можеби бунтовниците не не‘ гледаат, можеби сме оддалечени 100 или 150 километри“, изјави портпарол на Алијансата, додавајќи дека во изминатите 6 дена се извршени 851 воена акција.

Градот кој се наоѓа на 214 километри источно од Триполи е во ситуација која не може да потрае, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе за радиото Франс Инфо. Тој најави разговор со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен околу опколениот град.

Во Бенгази бунтовниците регрутираат нови борци

Во Бенгази бунтовниците регрутираат нови борци

Обука за седум дена

Во меѓувреме, трупите на либискиот властодржец Моамер ел Гадафи го напаѓаат и градот Брега. Бунтовниците го зазедоа повторно дури во понеделникот (04.04), со поддршка од воздух на меѓународните сили. Бунтовниците обвинуваат дека НАТО не делува доволно решително и дека бомбардира предоцна. Во бунтовничкото упориште, Бенгази, во меѓувреме се регрутираат уште борци. Брз курс за противниците на Гадафи за седум дена. Интересот е голем, вели инструкторот, кој е ветеран на либиската армија:

„По повикот сите се пријавија доброволно. Многумина од нив никогаш досега не држеле оружје в раце, но за седум дена ќе бидат подготвени.“

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/ард/афп

Редактор: Жана Ацеска