1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

НАТО во Авганистан:се‘ или ништо

Заштитните трупи ИСАФ предводени од НАТО,во иднина ќе бидат ангажирани низ цел Авганистан.Министрите за одбрана од Алијансата на вчерашната средба во Порторож во Словенија решија да ја прошират мисијата и на истокот од земјата.

Генералниот секретар на Алијансата,Шефер

Генералниот секретар на Алијансата,Шефер

За НАТО во Авганистан дојде до ситуација да се оди на се или ништо.Способноста на Алијансата ќе биде мерена со успехот или неуспехот во тамошниот ангажман. Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер сепак се обиде на средбата на министрите за одбрана во Порторож да прошири извесен оптимизам:„Да не гледаме се така црно,кога зборуваме за Авганистан,кога знаеме дека се изградени 300 километри патишта,дека 6 милиони деца одат во училиште,од нив два милиони девојчиња,кога обновата во многу области напредува,тогаш може да се рече:ова е успешна приказна.“Изјава која е тешко да се прими со оглед на засиленото заострување на безбедносната ситуација во Хиндукуш.

Проширување на мисијата

Во минатите месеци во јужните региони имаше повеќе самоубиствени атентати и напади врз локални политичари, како и врз војниците од ИСАФ, заштитните трупи. НАТО на ова сега сака да реагира со засилено присуство: проширување на мисијата во источниот дел од Авганистан. Таму се веќе ангажирани околу 12 илјади американски војници во рамките на операцијата Трајна слобода, тие што е можно побрзо терба да преминат под команда на НАТО, како што решија министрите за одбрана од Алијансата. Со нив вкупниот број војници од ИСАФ во Авганистан достигнува до 32 илјади.

Но, проширувањето кон исток и дополнителните американски трупи не значат дека нема да има никакви дополнителни барања во поглед на југот на Авганистан, рече Шефер. Таму, според генералот Џејмс Џонс недостасуваат уште 2500 војници.

Да се преиспитаат можностите на ангажманот и трупите

Генералниот секретар на НАТО а исто и американскиот министер за одбрана од членките побараа да ги преиспитаат можностите за ангажман на нивни трупи.Доналд Рамсфелд потенцираше: „Двете најважни работи се: првата –ИСАФ да ги има нужните ресурси, а второ, да подлежи на што е можно помали ограничувања на мисијата кога ќе ги преземе задачите на истокот на Авганистан.“

Германскиот Бундесвер останува на север на Авганистан

Апел, кој сигурно цели и во правец на Берлин. Зашто, подрачјето на ангажманот на околу 2800 германски војници досега е ограничено на споредбено мирниот север на земјата.

А така треба да остане и во иднина,како што повтори и парламентарниот државен секретар во германското министерство за одбрана Кристијан Шмид во Порторож: „Останува на тоа што е кажано во Берлин и при дебатата во Бундестагот. Сојузната влада донесе јасна одлука дека тежиштето на мисијата останува на северот, нема можност војниците да бидат преместувани во други региони.“