1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

НАТО бара реформи од кандидатите

Главна тема на денешниот втор ден на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО во Осло беа идното проширување на Алијансата и прашањето со статусот на Косово.

Од самитот во Осло

Од самитот во Осло

26-те земји на НАТО ги повикаа кандидатите за членство во НАТО на натамошни внатрешни реформи.Тие мора задолжително да ги продолжат реформите до самитот, на кој ќе биде донесена дефинитивната одлука,изајви портпаролот на Алијансата Џејмс Апатураи по состанокот на министрите.Албанија,Хрватска и Македонија се надеваат дека ќе станат членки на следниот самит на Алијансата во Букурешт во 2008 година.

Руските задршки во однос на проширувањето на НАТО ова не можат да го спречат,изјави портпаролот.Проширувањето ние го сметаме не само како процес,туку се работи и за принцип.Се работи за правото на суверените држави самите да одлучуваат за сопствените одбранбени ангажмани.

Одлуката за приемот на трите кандидатки ќе падне во април 2008 година.Ова с еуште не значи доделување потврда дека тие ќе бидат примени, сите овде се единствени дека приемот зависи од тоа дали кандидатите доволно напредувале,

изјави портпаролот на НАТО.

Министрите на Алијансата сакаат што побрзо донесување одлука од Советот за безбедност на ОН за идниот статус на Косово.НАТО е загрижен зашто непотребните одолговлечувања ја зголемуваат опасноста од напнатости,изави портпаролот Џејмс Апатураи.Во Осло владеело единство дека на планот на специјалниот партеник за покраината Марти Ахтисари не постои алтернатива.

Ахтисари предвидува надгледувана независност на Косово,што Москва пак го одбива.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа повтори дека не смее да биде донесена никаква одлука за статусот на Косово без согласност на Србија.

Но,НАТО членките ја предупредија Приштина од еднострано прогласување независност од Србија.Ниедна страна не смее да преземе еднострани чекори,гласи пораката од Осло,иако не е дискутирано подетално од опасноста од прогласување независност на Косово од страна на косовските институции.НАТО сака од своја страна пак да ги интензивира односите со Србија,со која е врзан во Партнерството за мир.Тоа зависи меѓутоа и од Белград,а особено од неговата соработка со Трибуналот во Ден Хаг.НАТО министрите се единствени дека при прашањето на Косово се работи за еден од централните проблеми за безбедноста на цела Европа.