1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО – антиракетен штит

САД имаат намера да и дозволат на Русија да ги разгледа нивните планови за анти-ракетниот штит во Источна Европа. За време на посетата во Берлин, американскиот министер за одбрана, Роберт Гејтс и понуди на руската влада можно разгледување на техниката. Експертите на Аљаска можат да ги видат ракетите, а во Калифорнија радарските системи, изјави Гејтс по средбата со германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг. Околу спорниот анти-ракетен штит разговараат денеска и министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Осло. Русија со месеци тврди дека со оглед на плановите Полска и Чешка за бидат место на стационирање на анти-ракетниот штит, тој нема да биде насочен против Иран, туку против Русија.