1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО амбасадорите денеска се во Тбилиси

Денеска во Тбилиси пристигна висока делегација на НАТО, што ја предводи генералниот секретар Јап де Хоп Шефер.

default

Јап де Хоп Шефер со кренат палец отпоздравува во главниот град на Грузија

Грузија мора да остане на курсот на демократски реформи, доколку сака да му се приближи на НАТО, изјави попладнево во Тбилиси генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер. „НАТО останува на проценката дека примената на сила од руска страна во војната беше несоодветна, но наспроти тешката ситуација очекува од Грузија да остане цврсто на курсот на демократизација и реформи.“


Шефер претходно ја критикуваше Русија поради планираното воено присуство во сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија. Најавата за останување по 3.800 руски војници во двата региона е јасно кршење на договорот за примирје што го издејствува ЕУ, изјави Шефер и апелираше до Европејците да не го прифатат таквото решение на официјална Москва.


Русија останува на видум мирна


Russland EU Frankreich Nicolas Sarkozy und Barroso bei Dmitri Medwedew in Moskau

Дмитри Медведев со делегацијата на ЕУ неодамна во резиденцијата кај Москва

Рускиот Претседател Дмитри Медведев изјави денеска дека неговата земја нема да попушти ни пред силниот притисок на Западот. Санкции против Русија би биле контра-продуктивни и повеќе би му наштетиле на Западот, порача Медведев. Тој исто така најави дека Русија уште во текот на неделава ќе склучи договори за соработка со Абхазија и Јужна Осетија, кои ќе имаа и воена компонента.


Грузија бара јасни ветувања


Со оглед на таквата ситуација Грузија побара од делегацијата на НАТО јасна определба за неповратноста на процесот за приближување на земјата кон Алијансата. Претседателот на Грузискиот Совет за безбедност Александар Ломаја оцени дека Русија не успеала во намерата да ја попречи интеграцијата на Грузија во НАТО. Ломаја нагласи и дека неговата земја не очекува директна помош од НАТО, туку продолжување на процесот на соработка.


Грузискиот експерт за безбедносни прашања Иракли Сесиашвили меѓутоа бара прием на земјата во Акциониот план за членство. Доколку тоа не го добие, тоа би била вистинска катастрофа:


„Не ни требаат само неколку збора за тоа дека треба да се развиваме демократски, туку ни треба директна помош!“ – побара грузискиот експерт за безбедносни прашања Иракли Сесиашвили.