1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО – Авганистан – тактика

НАТО најави промена на воената тактика во Авганистан поради големиот број жртви меѓу цивилното население. Главниот командант на НАТО силите во оваа земја, Џон Кредок, призна дека поддршката меѓу локалното население за неговите војници е во опаѓање поради цивилните жртви. Поддршката на населението меѓутоа е од голема важност во борбата против талибанските бунтовници. Уште минатата недела германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг ги критикуваше воените операции на САД во Авганистан поради големиот број цивилни жртви.