1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Наташа Андонова - фудбалот во крвта!

Наташа Андонова е македонска фудбалерка која игра во нападот на Турбине Потсдам и е вистинската „златна“ копачка на тимот кој четири години по ред е првак на Германија. За ДВ Наташа го опишува патот до Потсдам

Со куса коса и модерна фризура, фармерки, патики и мобилен телефон со Наташа Андонова се сретнавме во Потсдам, градот каде оваа 18 годишна девојка е прва македонска професионална фудбалерка во тимот на Турбине, првакот на европската лига на шампионите и четири години последователно најдобар тим на женскиот фудбал во Германија. Девојката со широка и спонтана насмевка е родена во Неготино на 4 декември, поради што можеби судбински и е предоредено да биде добар стрелец и голгетер. Ја прашавме како едно девојче се најде на фудбалските терени?
„Уште како мала играв фудбал. Таткото, вујковците, дедовците сите се занимаваа со спортот. Уште како мала го придружував таткоми на спортските терени. Прво играв со машките во Неготино. Потоа дознав дека има женски фудбалкски клуб во Кавадарци – „Тиквешанка“. Таму играв неколку години. Бевме први и игравме во Лигата на шампиони. Потоа, една година играв во „Борец“ од Велес со кој бевме во завршницата на Европското првенство во група со Шпанија, Холандија и Франција. Изиграв доста добро, ме бендисаа и така стигнав во Турбине во Потсдам“, озарено и со доза на гордост и ентузијазам Наташа ни го раскажа својот професионален пат.

Несопирлив талент

Секако дека за малото девојче од Неготино било возбудливо да биде на стадионот со вистинските фудбалери. Нели имала проблеми и задевања од децата зашто сепак фудбалот е машка игра?

Flash-Galerie Potsdam deutscher Frauenfußball Meister 2011

Наташа игра во нападот на Турбине Потсдам, шампионот на Германија

„Сите од мојот град ме поддржуваа зашто занеа дека имам талент. Имаше натпревари кои јас ги решавав и тренерот им викаше на момчињата како може женско да решава“, си припомнува Наташа која и за Турбине Потсдам, каде игра втора сезона, дала решавачки придонес и обезбедила значајни победи.
„Имам многу одигарно натпревари, но ќе ги помнам оние во групата со Полска, Чешка и Латвија. Бевме први во групата и се пласиравме во вториот круг каде победивме против Полска со 3 спрема 2, а јас ги дадов трите гола. Оваа сезоина со Турбине Потсдам имав два натпревари во Лигата на шампионите каде дадов 5 гола и уште два гола во лигата, вкупно седим“ кажува Наташа која не крие дека идоли и се Меси и Марта и Фатмире Баремај.

Инвестиција за иднината

Вели иако има пари и во женскиот фудбал износите не се во оние големини како кај мажите. Има двегодишен договор кој изминува во јуни наредната година и за овој период и е добро. Во Германија е со постарата сестра Сијче која исто игра

Natasa Andonova

Сега учи германски, но планира студии! Наташа Андонова

во вториот тим на Турбине. Материјално е обезбедена, има онолку колку што и треба, но нема многу време. Тренинзите се напорни и секојдневни, сепак годинава успеа во Македонија да го заврши средното училиуште зашто фудбал не се игра по 40-тата и планира да студира и да си обезбеди добра иднина.
Наташа нема дилеми дека и во Македонија има талентирани девојчиња кои играат фудбал, но нема многу шанси за пробив зашто слаба е финансиска подршка споредена со онаа во Германија, Шведска, Данска.За крај ја прашуваме има ли време за приватен живот, излегувања, дружења???
„Дечко ??? Да, но во Македонија, Скајп и фејс бук ситуација“, со гласна насмевка коментира за Дојче веле Наташа Андонова, македонската талент „копачка“ во Турбине Потсдам!