1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Натамошно заострување на состојбата

Израелската армија ги интензивираше воздушните напади и гранатирањето на делови на Либан , каде што оперира Хезболах , во одмазда за вчерашниот ракетен напад врз градот Хаифа , во кој загинаа осум Израелци.

Сцени од Бејрут по еден израелски напад

Сцени од Бејрут по еден израелски напад

Израелската авијација своите напади ги насочи пред се врз пристаништето во Бејрут , меѓународниот аеродром , и неколку упоришта на Хезболах на југот од Либан .

Од болнички извори во земјата се проценува дека во последните израелски напади загинале најмалку 60 цивили , меѓу нив и голем број канадски државјани.

Во меѓувреме странските државјани забрзано ја напуштаат земјата , но и голем број Либанци бегаат во соседните земји . Најголемиот дел од нив во Сирија , така барем тврди , амбасадорот на оваа земја во ОН Имад Мустафа :

„Тоа е хуманитарна катастрофа со огромни размери . Либански цивили гинат секој час Ние ги отворивме нашите граници . Стотици илјади Либанци бегаат во Сирија во моментов.“

Инаку операцијата на израелската армија во Либан влезе во шестиот ден , а во меѓувреме е интензивирана пред се поради вчерашниот ракетен напад кој го изврши Хезболах врз градот хаифа , во кој загинаа осум лица. Израелски воени извори соопштија и дека проектили на Хезболах го погодиле и градот Агула , кој се наоѓа на 50 километри од израелско либанската граница. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт веднаш по нападот порача дека Либан , ќе се соочи со далекусежни последици . Од другастрана лидерот на радикалното шиитско движење шеикот Насрала порача дека ќе следуваат нови напади врз Израел и оти оној во Хаифа бил одмазда за убиството на голем број цивили од страна на Израел.

Либанскиот премиер Фуат Сињора пак деновиве неуморно ја повикува меѓународната заедница да влијае врз Израел да ги запре нападите врз неговата земја:

„Знаете Израел сака безбедност . Најдобар начин Израел да го добие тоа е да изгради добри односи со соседите . А не да го прави тоа преку терор, преку војна . Тие не можат со убивање да обезбедат мир“ – истакна Сињора .

Израел меѓутоа му порачува на Сињора дека нападите врз Либан ќе запрат само доколку тој успее да го спречи Хезболах да напаѓа од територијата на Либан.

„Доколку господинот Сињора сака мир , мислам дека ние сме подготвени да се сретнеме со него лице в лице и без предуслови да разговараме разумно. Но доколку господинот Сињора е заложник на Хезболах , заложник на невозможната ситуација во Либан , за жал тогаш може малку да се стори“ – порача во соочувањето со Сињора на телевизијата СиЕнЕн , вицепремиерот на Израел , Шимон Перез.

Израел во моментов нема намера да поушти пред меѓународниот притисок да запре со операцијата во Либан ,предизвикана од нападите на Хезболах и киднапирањето на двајца израелски војнизи но сепак во израелската влада знаат како што истакна портпаролот на министерството за надворешни работи Марк регев дека долгорочно решение може да се постигне само со политички сретства :

„Ние во Израел сфаќаме дека на долги патеки решението не е воено . Решението е политичко. Токму затоа повикав на зајакната меѓународна дипломатија за имплементирање на резолуциите на меѓународната заедница за Либан“