1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Натамошни санкции против пучистите во Мали

Состојбата во западноафриканската држава Мали натамошно се заострува. ОН стравуваат од можна поделба на земјата.

По западноафриканската економска заедница ЕКОВАС, санкции против воените пучисти и нивните сојузници во Мали воведе и Африканската унија. Покрај ограничувањата за патување, ќе бидат блокирани и сметките на војската, изјави одговорниот комесар на АУ, Рамтане Ламамра во Адис Абеба.

Африканската унија појаснува дека санкциите се воведени поради тоа што лидерот на превратот, кој беше извршен на 22 март, и неговите приврзаници го попречуваат враќањето на уставниот поредок во земјата.

Санкциите стапуваат во сила веднаш. Тие вклучуваат забрана за патување и замрзнување на сметките на лидерот на хунтата Амаду Саного и на неговите сојузници. Исти санкции се воведени и кон раководителите и членовите на вооружените бунтовнички групи на Туарезите и исламистите , кои ја презедоа контролата врз северниот дел на земјата.

И САД воведоа забрана за влез во земјата на лидерите на воениот преврат и нивните семејства.

Обединетите нации во меѓувреме изразија загриженост од можна поделба на земјата. Потсекретарот на ОН Лин Паско во Њујорк укажа на тоа дека бунтовниците од редовите на Туарезите и нивните сојузнички борци од терористичката мрежа  веќе контролираат еден дел од земјата, кој веројатно нема без борба да го предадат.