1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Натамошна ескалација на Блискиот исток

Во потрага по грабнатите војници, Израел и натаму користи воена сила. Израелските воени авиони одново нападнаа цела низа цели во Либан, меѓу нив еден бегалски логор, резервоари со нафта и мостови. Според извештаите на очевидци загинале повеќе лица. Либански Хезболах пак истрела повеќе ракети врз северниот дел на Израел.

Израелски тенкови на либанската граница

Израелски тенкови на либанската граница

Пред либанскиот брег е погоден израелски воен брод кој е тешко оштетен, а четворица морнари се сметаат за исчезнати. Шефот на Хезболах Хасан Насралах вчера на Израел му се закани со отворена војна.

Заканата на Насралх дојде непосредно откако Израел синоќа го нападна главното седиште на Хезболах. Непосредно по нападот шефот на изралескиот генерал-штаб Дан Халуц најави нови напади:

„Пред 20 минути беа нападните цели во центарот на шиитскиот кварт во Бејрут околу главното седиште на Џезболах. Имаме намера и натаму да напаѓаме се додека е потребно за да ставиме јасно на знаење дека Израел веќе не може да живее во ситуација во која е напаѓан со ракети„.

Меѓутоа, ниту Хезболах не троши време. Нецели половина час по бомбардирањето на Бејрут, врз израелските места повторно паѓаа ракети каќуша со фатални последици. Во селото Мерон се убиени една старица и нејзиниот внук. Ракети паѓаа и врз пристаништето Нахарија. Луѓето ноќта ја минаа во подрумите. Генерал Халуц изрази згариженост:

„Хезболах располага со ракети со среден дострел што не е тајна. До денес фрлаа ракети со дострел од 30 километри, но тие имаат ракети што можат да достигнат седумдесет и повеќе километри. Но, тоа не може да не парализира„.

Шефот на Хезболах, Насралах кој мина неповреден во нападите, на Израел мо обајви отворена војна. Оружјето со кое располага Хезболах може да стигне далеку во Израел и може да погоди цели јужно од Хаифа, изајви Насралах во телефонски разговор за ТВ Ал Манар:

„Изненадувањата што ви ги ветив почнуваат сега. Во овој момент пред брегот на Либан гледате воен брод кој е во пламен„.

Нападот врз бродот го потврди и израелската армија. Четворица морнари се сметаат за исчезнати.

Во меѓувреме заседаваше Советот за безбедност на Обединетите нации без да побара примирје. Поздравено е само испраќањето мисија на светската организација по налог на Кофи Анан. Советот побара од сите земји во регионот да соработуваат со мисијата која денеска ќе присуствува на заседанието на министрите за надворешни работи на Арапската лига.