1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Настасе се обиде да се самоубие

Поранешниот романски премиер Адријан Настасе се обиде да се убие со пиштол. Настасе тоа го сторил вчеравечер, во моментот кога двајца полицајци дошле кај него дома да му врачат налог за апсење.

Екс премиерот на Романија Адријан Настасе, кој успеа да се рани во вратот и беше веднаш пренесен во болница и опериран, вчера (20.06) беше осуден на затворска казна од две години поради илегално трошење фондови за предизборната кампања на претседателските избори во 2004 година. Во партиската каса на Настасе, на тој начин, илегално се влеале околу 1,6 милиони евра. Премиерот на Романија Виктор Понта изјави дека сосотојбата на Настасе „е под контрола“.

Според првите коментари на романските телевизиски станици, Настасе сакал да изврши самоубиство поради тоа што смета дека пресудата е неправедна затоа што тој се чувствува невин. Судскиот процес, инаку траеше цели седум години, а Настасе постојано тврдеше дека тој е политички и алудираше дека тоа е по желба на претседателот на земјата Трајан Басеску.