1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Наставата ја бојкотираат и Македонците и Албанците

Тензиите меѓу учениците, професорите и родителите во Средношколскиот стручен центар „Нико Нестор“ во Струга не попуштаат. Од друга страна, се множат апелите да надвладее разумот.

default

Струга

Состојбата во Струга не е променета и покрај цврстиот став на Министерството за образование дека одлуката за чисти етнички смени е само времено решение на проблемот. Родителите на ученците Албанци синоќа ја отфрлиле оваа одлука и натаму стојат на ставот дека наставата треба да се одвива во заеднички смени.

„Во претпладневната смена дојдоа само дел од паралелките кои учат на албански наставен јазик.

Mazedonien Land und Leute Schule Unterricht in Brodec

Училишните клупи во струшките средни училишта денеска се празни

Во попладневна смена во согласност и договор со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе имаме прекин на настава од безбедностни причини.“, вели директорката на училиштето Маре Савеска, која се наоѓа под голем притисок од средината и јавноста.

Да се следи патот кон Европа, наместо кон сегрегација

Одговорниот за образование во локалната самоуправа во Струга, Џејми Хајредини пак порачува дека не смее да се дозволи состојбата да излезе од контрола. „Имаме два различни става. Македонците бараат посебни јазични смени а Албанците сакаат мешани смени. Ова го правиме само од безбедносни причини, сите сме загрижени и сакаме квалитетна настава за нив. Значи не сакаме да импровизираме и правиме напори сосотојбата да се среди.“, вели Хајредини.

Очекувано или не, денеска бојкотот на наставата се прелеа и во гимназијата, „Ибрахим Темо“, која како простор некогаш беше единствен средношколски центар со „Нико Нестор“. Во двете училишта доминираат учениците Албанци.

Директорот на гимназијата „Ибрахим Темо“, Муса Муслиу, предупредува дека децата се политизирани и додава: „Јас јавно ќе речам: зад ова сигурно стои ВМРО- ДПМНЕ. Со намерата за чисти јазични смени оваа партија е против Охридскиот рамковен договор. Македонија

Struga Innenstadt, Mazedonien

Во Струга не е се’ така црно, велат граѓаните

треба да го следи патот кон Европа а не кон сегрегација. Како директор им порачувам на сите: рацете надвор од средните училишта “, вели Муслиу.

Поларизација пред избори

Тој порачува партиите да останат надвор од училишните клупи и учениците да не бидат жртви на одредени политички игри.

„ Ако се политизира една страна, ви гарантирам дека ќе имаме една друга пресметка. Ученците Албанци се побројни и ако тензиите се подгреат со политичките партии, тогаш не би сакал да претпоставувам што може да се случи.“, укажува Муслиу.

Ако се изолираат случувањата во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, тогаш и денеска во Струга граѓаните независно на која етничка припадност припаѓаат, живеат едни покрај други со своите надежи, желби, ама и проблеми. Македонците и Албанците велат дека во Струга не е се’ така црно.

Кризата во средношколските центри во Струга не е нова. Но загрижува тоа што таа посебно се генерира во перидотот на предизборието. Обидите со проекти да се делува врз свеста за заедништво, особено меѓу младите со најновите случувања како да паѓаат во сенка. Против манипулирањето со ученците и собирање политички поени е и министерството за образование и наука. Сепак и Македонците и Албанците- професори, родители и жители на Струга бараат да надвладее разумот .

DW.COM