1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Наследството на Секуритате

Долги години во Романија секој кој не и’ се допаѓал на тајната служба Секуритате, без разлика дали бил политичар, новинар, или спортист, бил под надзор. Оставнина со која Романија допрва треба вистински да се соочи.

Некогаш тој беше надеж на романските фудбалски навивачи. Oтила Конјоро во 80-тите години играше фудбал, и тоа и на Запад. Тогаш овој татко на две деца не знаел дека неговите настапи биле следени со големо внимание не само од гледачите.

„Во сите соби имало уреди за прислушкување и по секој натпревар во странство тајната служба како животни не тераше во една просторија и не испрашуваше кој со кого зборувал. Мојата девојка потоа официјално побара да се отсели од земјата и јас поради тоа веќе не смеев да патувам на натпревари во странство.“, вели Конјоро.

24 километри документи

g Securitate-Bestände in Bukarest

Документите на Секуритате

Тој бил шпиониран од Константин Букур, агент на романската тајна служба Секуритате, специјализиран за спортистите. Со овие апарати тој го прислушкувал Отила Конјоро. Таа опрема денес е изложена во музеј, но митот за него се’ уште живее.„Полковник на Секуритате не изгледаше како оваа кукла овде. Полковник личеше на полковник. Се’ уште чувствувам голема почит и респект кон овие офицери.“, вели поранешиот агент на Секуритате, Константин Букур.

Тука се чуваат и протоколите од неговите прислушкувања. 24 километри документи, произведени од Секуритате. Агентот Букур со години ги шпионирал сограѓаните. Ги издавал, знаејќи каква судбина ги очекува. Тајната служба прислушувала милиони романски граѓани, меѓу нив и Алпар Хамар, само затоа што е баптист.

Овде, во центарот на Тиргу Муреш, Хамар кажува како било во 1989 година, кога за прв пат демонстрирал против Секуритате. ХАМАР, декември 1989

„Видов како другите војници намерно пукаа на страна. Секуритате пак целно стрелаше во мене. Ме погодија во двете нозе.“
Агентот Букур тврди дека не пукал. Меѓутоа, и по падот на комунизмот тој и натаму ревносно прислушкувал. Овој пат политичари, новинари и уметници по налог на новооснованата романска разузнувачка служба СРИ. Според истиот метод: кој не и’ се допаѓал на владеечката партија, бил под надзор, и се бележел секој детал.

Соочување со сопственото минато

Ваквата практика на крајот станала преголем товар и за самиот Букур. Тој во 1996 ги објави протоколите од прислушкувањата. Новинарот Мирча Тома, една од жртвите на Букур, побарал истрага за практиката на прислушкување на СРИ. Агентот Букур ги шпионирал неговата редакција и неговото семејство.

Rumänien Geschichte Revolution 1989 Kämpfe in Oravita

Романија во 1989 година

„Разговорите на мојата 11 годишна ќерка сигурно не претставувале опасност за националната безбедност. Денес се’ уште има еден сталинистички закон кој во оваа земја дозволува шпионирање.“, вели Тома.
Романската држава го осуди Букур за предавство. Но, тој се жалеше во Европскиот суд на правдата, кој пресуди во негова полза. Обелоденувањето на нанесената неправда има поголема важност од обврската за чување тајна, стои во образложението на пресудата. Букур доби и обесштетување од 20.000 евра.
„Не, немам грижа на совеста. Во редакцијата се разговараше за неважни работи. Политичарите беа поинтересни. Мојата работа и онака беше слична на новинарската. Сите собиравме информации.“, вели Константин Букур.

Агентот Букур нерадо го споменува фактот дека по објавувањето на белешките од прислушувањата добил добро платена работа во една десно-популистичка партија, која исто така била прислушкувана.

На Романија и’ претстои долг пат, кога станува збор за соочување со сопственото минато. Отила Конјаро смета дека тој процес уште не е ни започнат.