1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наследници на фараоните

По страшниот атентат од Александрија и натамошните закани во Европа, вниманието на јавноста поинтензивно се насочи кон коптското малцинство. Тешката судбина нив ги следи од памтивека.

default

Коптите се сметаат за директни наследници на фараоните. Нивното име во превод значи старо-египетски. Тие станале христијани уште во првиот век од новата ера, бидејќи Египет бил една од првите земји каде отпатувал Апостолот Марко. Коптите уште тогаш страдале од прогон и тоа како од Римјаните, така и од домашното варварско население. Во третиот век биле убиени преку 800.000 луѓе - само заради нивната верска определба. Во таа бројката големо мнозинство сочинуваат токму Коптите.

Кога во седмиот век Арапите го освоија Египет, со нив дојде и исламот. Сепак, во 11 век дури половината од жителите на Египет се од христијанска вероисповед. Градот Александрија со надалеку познатиот стар универзитет е еден од главните центри на Коптите.

Bombenanschlag Kopten Ägypten

Коптски свештеник во Александрија

Тие живеат и во планинските предели на Египет, каде и ден денес имаат мноубројни манастири. Коптите се сметаат и за основачи на монашкиот ред во Египет.

Проблемите од поновата историја

Ескалацијата на состојбата меѓу христијаните и муслиманите во Египет спаѓа во поновата историја на земјата. За време на владеењето, Абдел Насер во 50-тите години од 20-тиот век спроведе национализација на имотите на Коптите. Нивната положба и стандардот толку се влошија што голем број Копти го напуштија Египет. Наследникот на Насер, Анвар ел Садат, во 1980 година направи уште еден чекор што натамошно ја влоши состојбата на Коптите во земјата. Тој, имено, за да ја зачува власта го прогласува исламското право, „шаријата“ за единствен извор на закони и прописи. Но, тоа не му помогна, бидејќи на крајот сепак го убија исламистички настроени офицери од неговата армија.

Формално рамноправни

Сегашниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, формално им даде еднакви права на Коптите, какви што има и мнозинското муслиманско население.

Ägypten Kopten Unruhen

Поглаварот Шенуда Трети на миса за настраданите во атентатот во Александрија

Тој исто така именува за верски лидер еден од поумерените исламски теолози во земјата, но ресентиментите кон христијанското население сепак останаа. Коптите имено немаат еднаков третман кога станува збор за прием во државната администрација и другите јавни функции. Истото важи и за поправањето и обновата на нивните цркви. Во официјалните статистички податоци на Египет тие сочинуваат само 10% од целото население, додека Коптите тврдат дека дури 20% од вкупното население е од христијанска вероисповед.

Нивен актуелен верски лидер е Шенуда Трети, кој е на таа функција уште од 1971 година. Тој се погрижи и за Коптите во странство, кои имаат преку 100 црквени општини, од кои најголемиот број е во САД. Коптите имаат два манастири и во Германија.

Автор: Волфганг Дик/Горан Чутаноски