1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Наследникот на Ругова не се знае

Умерениот, но сепак непопустлив претседател на Косово Ибрахим Ругова почина. Политички нема да биде едноставно да се најде негов наследник. Тешки ќе бидат и преговорите за идниот статус на покраината. Коментар на Верица Спасовска

Косово

Косово

Ибрахим Ругова е еден од најважните актери кој ја напушта политичката бина на Косово потресеувано од кризи. Како Албанците така и Србите ја ценеа неговата политика против насислтво, и покрај тоа што никогаш не го загуби од пред очи максималното барање за независност на Косово. Умерен во тонот, непопустлив на дело, ова го карактеризираше политичкото делување на Ругова, кој ненадејно почина само неколку денови пред да почнат предвидените преговори за индината на Косово во Виена.

Какви консеквенции има нековата смрт за иднината на Косово? Без сомнение политчката амосфера во Косово ќе биде оптоварена со дебата околу неговиот наследник. Имено тешко болниот Ругова не се грижеше за тоа да се регулира неговиот наследник. Нема ниту еден познат политичар прифатлив за сите страни, кој би бил во состојба да ја преземе претседателската функција.

Сепак смртта на Ругова не претставува сериозна закана за со меѓународно посредство планираните преговори меѓу Косовските Албанци и Србите, кои се одложени за некоклу денови. Имено поради неговата болест, рак на белите дробови, Ругова веќе со недели неможеше вистински да делува. Сега настанатото прекинување би можело дури да довде до тоа, да соговорнициите кои учествуваат - Србите, Косовоските Албанци и меѓународната заедница одново се сортираат, за да се размисли за цврстите позиции.

Но едно е сигурно: Смртта на Ругова не менува ништо во тешката почетна позиција за преговорите за статусот: сеедно кој политичар ќе го наследи Ругова, тој ќе се залага за државна независност на Косово. Србите ова ќе го одбијат и од своја страна ќе понудат само широка автономија. Меѓународната заедница ќе ги притисне Србите и Албанците да најдат компромис, но ќе одбие етничка поделба на покраината. Имено ако ова го дозволи, тогаш не би можела да ги оправда воздушните напади на НАТО врз Србија. Конечно партнерите сојузцини на НАТО, ја бомбардираа Србија со образложение, да се спречат етнички мотивирани масакри како неколку години претходно во Босна.

Но како да се отплетка гордиевиот јазол на косовското прашање? Во моментов се чини невозможно, да се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите страни. Српските политичари кои имајќи ги в предвид гласовите на избирачите се колнат во територијалниот интегритет, во светлината на реалната политика мора да се прашаат, дали воопшто би биле во состојба, безбедносно - политички да го контролираат Косово, и покрај тоа што 90 проценти од населението одбиваат каква и да е српска државна присутност? Но и меѓународната заедница би имала свои проблеми со целосна државна независност на Косово, веќе поради тоа што не сака да создава примери на Балканот.

Исто и Косово е далеку од целта, да создаде функционално мултиетничко општество. Шест години по повлекувањето на Србите, неалбанското малцинство на Косово ниту живее сигурно, ниту пак може да го искористат нивното право за враќање.

Би осатанал само компромисот, Косово да стане независно од Белград, без да му се додели целосна сувереност. Ова би значело дека меѓународната заедница уште долги години би морала да биде присутна на Косово. Со тоа би си натоварила големо бреме, но секако таа би стоела за одговорноста, која ја презема со воената интервенција пред седум години.