1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Наскоро „советска супер лига“?

Советскиот сојуз би требало повторно да заживее, барем на фудбалските терени. Поттикнати од желбата за поголема заработувачка олигарсите во регионот сакаат создавање на фудбалска супер лига.

ЦСКА Москва против Динамо од Киев или пак БАТЕ Борисов против Зенит од Санкт Петерсбург и сето тоа под капата на единствена фудбалска лига. Со основањето на „Супер лигата“ на просторите на поранешниот Советски сојуз, претставниците на водечките руски, украински и белоруски клубови сакаат своите екипи да ги подготват за конечната цел: освојување на европските фудбалски тронови.

Големите не сакаат со малите

„Тоа ќе биде една од најсилните лиги во Европа и поради тоа многу фудбалери ќе сакаат да играат фудбал тука“, најавува Балериј Гасаев, претседател и тренер на рускиот прволигаш Аланија од Владикавказ.

Schachtjor Donezk Rinat Akhemtov

Сопственикот на Шахтјор Доњецк , олигархот Ринат Ахметов на рацете на играчите по освојувањето на Купот на УЕФА во 2009 година

На Гасајев му е доделена задачата за подготовка на работна група која би го истапкала патот за основање на новата „Советска лига“. Но клубовите како Аланија би требало да играат споредна улога во неа. Најистакнати заговорници на супер лигата се парично добро поткованите клубови, кои ионака вќе се имаат пробиено во самиот врв на европските фудбалски натпреварувања: Зенит и ЦСКА во Русија, Динамо и Шахтјор во Украина и БАТЕ Борисов во Белорусија. Заедничко нешто на сите овие клубови е тоа што повеќе не сакаат да губат време на натпревари на дотрајани стадиони на провинциски клубови, кои поради финансиската инфериорност кон клубовите со добра финансиска заднина, немаат изгледи за какво било посериозно место на табелата во домашните лиги.

Полза за олигарсите

Најмногу корист од „Советската лига“, преку уште повеќе публика на стадионите и уште поголемите приходи од ТВ преносите, би имале богатите сопственици на клубовите како Ринат Ахметов (Шахтјор) или Сулејман Каримов (Анжи Махачкала).

UEFA Champions RSC Anderlecht vs FC Zenit St.Petersburg

Екипата на Зенит (сини дресови) годинава се натпреваруваше во Лигата на шампионите

Алексеј Милер, шефот на рускиот енергетски концерн Газпром, кој е главен спонзор на Зенит од Санкт Петерсбург истотака навива за атрактивната прекугранична лига. Него ионака очигледно го нервира фактот дека неговиот клуб мора да се справува со „ситните проблеми“ на Руската лига. Тоа беше очигледно кога неодамна Зенит беше принуден да плати казна поради однесувањето на неговите навивачи на натпреварот против Динамо Москва, на што раководството на клубот реагираше многу навредено. Ставот на Милер го застапува и шефот на Руската премиер лига Сергеј Прјадкин додека против идејата за „советска лига“ е претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Николај Толстич кој неговиот сојуз и натаму порадо би го држел што е можно понастрана од влијателните олигарси. Но на крајот сепак главниот збор го има Европската фудбалска унија - УЕФА, која мора да даде зелено светло за новото натпреварување.