1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Наскоро почнува продажбата на супер телевизори

Еден од најголемите саеми во светот за електроника за широка потрошувачка „Consumer Electronics Show“ во Лас Вегас, повторно ги отвори портите. 2011 година и‘ донесе значително опоравување на браншата.

Мобилен телефон, кој оди на капење и сепак функционира. Нов огромен Тач-скрин. И ранци полни со адаптери и една батерија, за апаратите да не ја изгубат силата по пат. Со новитети како овие саемот за електроника за широка потрошувачка во Лас Вегас се обидува да го привлече вниманието на муштериите.

Гери Шапиро, Претседател на асоцијацијата за електроника за широка потрошувачка истакнува: „Пред неколку години беше навистина тешко за нас, но 2011 година браншата значително се опорави, многу побрзо отколку стопанството вкупно, затоа што луѓето ги купуваат нашите производи. Тие стануваат поевтини и се’ поубави.“

International Consumer Electronics Show 2012

ЛГ и Самсунг на саемот за првпат презентираат ОЛЕД телевизиски приемници во голем формат

За убавина се работи и кај производителите на телевизиски апарати. ЛГ и Самсунг на саемот за првпат презентираат ОЛЕД телевизиски приемници во голем формат. Органските светлечки диоди во приемникот ветуваат уште подобар квалитет на сликата и помала потрошувачка на струја.

„Нашиот ОЛЕД - ТВ е само 4 милиметри тенок и тежи 7,5 килограми. Тој е најтенкиот, најголемиот и најлесниот ОЛЕД - телевизор во светот“, смета Скот Ан, Претседател на ЛГ Електроник.

Супер телевизорите се’ уште се скапи, но се очекува за кратко време да се најдат на пазарот за широка потрошувачка. Ова е целта и на производителите на други новитети кои се презентираат на саемот во Лас Вегас.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Ралф Јакел/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска