1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Наскоро почеток на политички дијалог?!

СДСМ ја прифаќа понудата на премиерот за партиски дијалог. ДУИ засега без официјален одговор, неофицијално партијата на Ахмети ќе прифати дебата. Со предлогот на премиерот се согласува и владиниот партнер ДПА.

На повидок обновување на политичкиот дијалог во Македонија

На повидок обновување на политичкиот дијалог во Македонија

Социјалдемократите ја прифаќаат иницијативата на премиерот Никола Груевски изнесена во писмото до нивниот лидер Радмила Шеќеринска. На 2 и 7 февруари да се организира партиски дијалог. За деловникот, за уставните измени, за изборниот законик и за примена на Бадентеровото мноизинство и досегашното кадровско функционирање на етничкиот парламентраен комитет.

„Ако се има во предвид содржината на писмото, кое е полно со навреди кон СДСМ, ние имаме доволно причини и аргументи да не го прифатиме предлогот. Дополнител но сметаме дека одлките за вакви крупни работи треба да се носат на лидерско ниво. Но сепак имајќи ја во предвид многу тешката и негативна ситуација во која се наоѓа Република Македонија во моментов, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кој очигледно не е свесен за тоа, ние не сакаме да оставиме повод за понатамошно одложување на вистинскиот и реален политички дијалог.“ кажа Игор Ивановски потпреседател на СДСМ.

И владејачката Демократска партија на Албаницте ја прифаќа идејата за работни групи од четири партии во две етапи да ги разгледуваат спорните прашања за кои е неопходен политички и етнички консензус во Македонија. „Најдобар начин за решавање на проблемите е остварувањето на реформите и креирањето на една демократска држава е дијалогот.“ вели пратеникот Ружди Матоши од ДПА.

Од Демократската унија за интеграција и таборот на Али Ахмети сеуште нема официјална реакција на писмената иницијатива од премиерот Никола Груевски упатена и адресирана до лидерот на СДСМ Рамила Шеќеринска. Неофицијално ќе прифатат дебата но ќе продолжат со бојкот на парламентот.

Интегративците обвинија за мајоризација на македонското владејачко мнозинство и суспендирање на Охрискиот договор. „Охридскиот рамковен договор се спроведува со забрзано темпо, многу побрзо отколку тоа се правеше во изминатиот период. Доказ за тоа е и тоа што со новиот буџет на земјата трипати повеќе се зголемени средствата со кои ќе се овозможи правична и етничка застапеност на малцинските етничките заедници вклучувајќи ја и албанската етничка заедница. Апсолутно го отфрлам обвинувањето за мајоризација внатре во собранието на Република Македонија.“ одговори Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзана содржина