1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наскоро полесно до работа во Германија

Странските стручњаци во иднина ќе можат полесно да започнат со работа во Германија. Владините партии во земјата се договорија за воведувањето на т.н „ЕУ- сина карта“.

Партиите од владејачката коалиција во Германија составена од Христијанско демократската унија, Христијанско социјалната унија и Либералната партија денеска постигнаа согласност за воведување промени во законските одредби за доселување во земјата. Тие предвидуваат воведување на т.н „сина карта“ со која ќе се олесни пристапот до работа во Германија на странските стручни кадри. Промените според желбите на владината коалиција би требало да стапат во сила уште пред летната парламентарна пауза во земјата. Со тоа, како што одамна бараат работодавачите во земјата, да бидат остранети бирократските пречки за доселувањето на стручна работна сила од земји кои не се членки на ЕУ.

Да се држи чекор со конкуренцијата

Според новите одредби стручњаците од земји кои не се членки на ЕУ мораат да прикажат призната факултетска диплома. Во некои бранши доволно е и пет годишно работно искуство. Годишната плата што ќе ја добива таков стручњак од новиот работодавач во Германија мора да изнесува најмалку 44.800 илјади евра -бруто. Досега беа потребни 66 илјади евра- бруто годишно за стекнување на сината карта.

Symbolbild Blue Card für Europa

Доселениците потоа можат по две години да добијат и дозвола за долгорочен престој. За експертите во 60 особено барани професии вратите треба да се подотворат уште малку пошироко. На стручњаците од природните науки, математичарите, лекарите на пример во иднина им треба само да докажат минимална годишна плата од 35 илјади евра бруто за да можат по две години да добијат долгорочен престој во Германија.

Раководнитe кадри и висококвалификуваните специјалисти кои заработуваат најмалку 48 илјади евра- бруто годишно пак можат веднаш да добијат дозвола за долгорочен престој.

Со тоа Германија се надева дека ќе може да оддржува чекор во меѓународната трка по експерти. Конкуренцијата е голема и во самата Европска унија.