1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наскоро палестинска влада на национално единство

Умерениот палестински претседател Махмуд Абас и премиерот Исмаил Ханија од радикално-исламистичкиот Хамас вчера постигнаа согласност за заедничка владина програма. На тој начин би требало да се надмине неколкумесечната меѓународна изолација на палестинското раководство:

Ханија и Абас постигнаа согласност

Ханија и Абас постигнаа согласност

По разговорот во неделата вечер, за кој обете страни велат дека бил многу добар, шефот на Фатах, Абас и премиерот Ханија на палестинската телевизија заеднички ја соопштија веста на која чекаше мозинството Палестиници. Абас изјави:

„Денеска ги поставивме рамките за програма на влада на националното единство што базира врз основите на документот за национално разбирање. Ако Алах сака, во наредните денови ќе почнеме со формирањето влада на националното единство„.

Големите сопернички партии Фатах и Хамас на 27 јуни годинава се согласија со тој документ во кој, меѓу другото, индиректно се признава правото на постоење на Израел. Од редовите на Хамас вчера се слушна оценка дека ќе се настојува кон решението на две држави со цел завршување на деценискиот блискоисточен конфликт. Хамас досега го одбиваше тоа и од тие причини САД, Европа и Израел од крајот на март воведоа жестоки економски санкции против неговата влада. Од тогаш 165-те илјади вработени во автономните власти не добија плати што уште повеќе го влоши животниот стандард на палестинското население. Пред една недела дојде до првите големи демонстрации против владата на Хамас: вработните си ги бараа своите плати.

По постигнатиот договор, стариот и веројатно нов шеф на палестинската влада Исмаил Ханија изрази задоволство од согласноста:

„Во овој важен момент го поставуваме фундаментот за влада на националното единство што ќе работи врз остварувањето на палестинските национални права„.