1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наскоро воздушни напади врз трупите на Гадафи

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција која предвидува воведување зона за забрана на летови над Либија. Резолуцијата практично исклучува само копнена интервенција во земјата. Франција најави брза акција.

default

Советот за безбедност на ОН синоќа заседаваше во Њујорк

Противниците на Гадафи се повторно охрабрени. На улиците во Бенгази ја славea резолуцијата на ОН.

Конечно, велат Западот ќе интервенира, ќе ги стопира нападите на Гадафи врз базите на опозицијата. По повеќенеделна дискусија синоќа во Њујорк беше постигната согласност: Десет членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата. На овој начин се отвора можноста за заштита на цивилното население на Либија од режимот на Гадафи, ако е потребно и со воени средства.

Libyen Unruhen Gaddafi März 2011

Бунтовниците се надеваат дека наскоро ќе запрат нападите на авијацијата на Гадафи

Германија воздржана

Резолуцијата дозволува воздушни напади и други „неопходни мерки“ за заштита на цивилите. Во моментов е исклучен ангажман на копнени трупи. Ниту една земја не гласаше против резолуцијата, а пет земји беа воздржани, меѓу нив и двете земји со право на вето Русија и Кина, како и Германија:

„Сметаме дека санкциите, подржани од меѓународната заедница се ефикасно средство за да се заврши владеењето на Муамер ел Гадафи и да започне неопходниот преоден процес“, изјави германскиот амбасадор во ОН, Петер Витиг. Во соопштението на министерството за надворешни работи во Берлин се наведува дека во случај на итервенција, нема да бидат вклучени гермаснки војнци. Позицијата на Берлин е непроменета „Диктаторот мора итно да прекине со насилството врз сопствениот народ. Мора да си замине и да преземен одговорост за свoите дела“, рекол Вестервеле, според германското МНР.

Libyen / Gaddafi / Tripolis

Поддржувачите на Гадафи протестираа против резолуцијата на ОН

Бунтовниците се надеваат на брза интервенција против Гадафи

Меѓутоа мнозинството во Советот за безбедност на ОН сметаше дека само санкции против режимот на Гадафи не се доволни. Против Гадафи мора да се делува брзо: Франција не исклучува ниту воздушни напади во рок од неколку часови. Луѓето во градовите во Либија каде се водат борбите се надеваат дека со резолуцијата ќе завршат нападите на авионите на Гадафи врз бунтовниците. Неговите трупи го бомбардираа и аеродромот во Бенгази.

Од друга страна, резолуцијата на ОН речиси уште не беше усвоена, на улиците на Триполи демонстрираа приврзаниците на Гадафи:

„Им благодариме на петте земји кои беа воздржани. Армијата и полицијата во Либија имаат една единствена цел: да ги штитат цивилите.“

Во жестоките борби меѓу режимот и бунтовниците цивилите меѓутоа се’ почесто се жртви. Опозицијата полага на интервенција на Западот. Патот за тоа сега е отворен.

Автор: Нина Хазе/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM