1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Наскоро без визи, за датумот за преговори подоцна

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска најави дека Македонија утре (15.07.2009) може да го очекува предлогот од Комисијата за укинување на визите.

default

Хавиер Солана и Никола Груевски

„Носам добра вест за земјата и за вас во врска со усвојувањето на визната либерализација“, рече Солана денеска во Скопје на прес-конференцијата со македонскиот премиер Никола Груевски.
„Не носам датум за почеток на преговори“, рече Солана и изрази задоволство од начинот на кој владата се справува со економската криза.

Солана нагласи дека сепак не смеат да бидат заборени реформските процеси. „Се надевам дека ќе продолжите по вистинскиот пат, патот кон Европската унија, а јас ќе бидам ваш придружник на тоа патување“, рече Солана.

За прашањето за името, Солана оцени дека постои ентузијазам и добра волја тоа да се разреши. „Прашањето за името е значајно прашање кое мора да биде разрешено и мислам дека сите имаат волја да се реши ова прашање во рамките на Обединетите нации“, рече Солана, додавајќи дека „одговорноста за преговорите не лежи во ЕУ, но ако можеме да помогнеме, ќе помогнеме“.

Автор: ЖА/АТ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска