1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Насилство при одбележувањето на палестинската „Накба“

Жестоки протести на денот на одбележувањето на основањето на израелската држава - повеќемина мртви и десетици повредени во Либан и на Голанската висорамнина.

default

Протести во Палестина

Во акцијата на изралеските војници против протестите на годишнината од основањето на државата Израел, убиени се повеќемина Палестинци. Две лица се убиени од страна на израелски војници на либанската страна на границата, тврдат либански безбедносни кругови. Медиумите јавуваат и за еден загинат Палестинец на Голанската висорамнина.

Во либанското погранично место Марун ел рас илјадници палестински бегалци се собраа за со, како што го нарекоа „марш за враќање кон Палестина“, го одбележат протерувањето од Израел. Десетици млади успеале да ги пробијат блокадите на либанската армија. Кога почнале да фрлаат со камења во насока на израелскиот контролен пункт, на другата страна на границата, израелските војници почнале да пукаат. Портпарол на либанската армија изјави дека двајца Палестинци се убиени, а десетмина други се повредени.

На Голанската висорамнина голем број Палестинци успеале да стигна од Сирија, преку затворената граница и едно поранешно минско поле. Таму имале намера да ја одбележат палестинската „Накба“, во превод катастрофа, како што инаку во арапскиот свет се нарекува основањето на Израел и бегството и протерувањето на стотици илјади Палестинци што потоа следуваа. Израелските медиуми јавија за еден убиен, додека израелската армија тврди дека имало илјадници демонстранти и десетици повредени. Портапрол на израелската армија изјави дека ситуацијата е многу сериозна и ја обвини сириската влада за демонстрациите.

Автор: ЕМФ/ АТ/ афп

Редактор: Александра Трајковска