1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Насилството се префрлува на Западниот брег

*

По повеќедневните борби во појасот на Газа, насилствотот меѓу Фатах и Хамас почна да се префрлува во Западниот брег. Вооружени прврзаници на Фатах се обидоа да навлезат во зградата на парламентот во Рамала контролиран од Хамас, при што беа запрени од телохранители. Според очевидци очигледно при оваа акција е спречени грабнување на политичар. Во меѓувреме шефот на палестинската полиција ја повика полицијата во појасот на Газа да не ги следи упатствата на радикално – исламистичкиот Хамас. Хамас од петокот ја контролира целата територија на Газа. Претседателот Махмуд Абас ја разреши владата на Имсаил Ханија, Хамас одбива да ја прифати оваа одлука. Денеска се очекува независниот политичар Салам Фајад да биде прогласен за нов шеф на палестинската влада.