1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Насилството го кочи формирањето влада во Египет

Крвава акција на војската во Египет го отежнува формирањето на преодна влада. Салафистичката Ал Нур партија се повлече од преговорите. Останува прашањето: Кој треба да ја извлече земјата од криза?

„Донесовме одлука, веднаш да се повлечеме од преговорите“ соопшти портпарол на влијателната Ал Нур партија преку Твитер. Овој чекор бил реакција на „масакрот“ пред Републиканската гарада во Каиро.

Исламистичкото Муслиманско братство претходно соопшти дека египетските сили за безбедност при растурање на демонстрациите на приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Мурси убиле голем број луѓе. Египетските здрваствени органи во меѓуврме објавија дека бројот на жртвите од овој судир се зголемил на 51 додека 435 биле повредени. Состојбата на многумина повредени била сериозна.

Спoред медиумски извештаи судирот се случил кога исламистите се обиделе да влезат во објект на војската во предградие на Каиро, по што бил отворен оган врз нив. Армијата според сопствени наводи уапсила околу 200 лица.

Нема пробив

Во текот на викендот Ал Нур партијата веќе го блокираше именувањето на носителот на Нобеловата награда за мир Мохамед ал Барадеј за преоден премиер. Исто така салафистите задршки имаат и во однос на технократот Сиад Баха ел Дин, кој се споменуваше како можно решение за шеф на владата.

Ал Нур партијата на изборите минатата година освои една четвртина од гласовите. Порано таа беше во сојуз со Муслиманското братство, од чии редови потекнува и соборениот претседател Мурси. Меѓутоа Ал Нур партијата сега се повлече во опозиција.