1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Насилството врз христијаните во Нигерија не запира

Во напад врз црква во североисточна Нигерија беа убиени најмалку шест луѓе, а десетина други се повредени.

default

Во последните недели повеќе цркви беа нападнати од припадници на Боко Харам

Вооружени лица отвориле оган за време на богослужба, изјави свештеникот во црквата. Полицијата го потврди нападот во сојузната држава Гомбе, но не наведе натамошни детали. Засега никој ја нема преземено одговорноста за овој напад, но се претпоставува дека зад него стојат приврзеници на радикално исламистичката секта Боко Харам, која неодамна ја презема одговорноста за бомбашките напади врз повеќе цркви во Нигерија на Божик. Во нив загинаа повеќе од 40 лица.

Од Нигерија во моментов речиси секојдневно се јавува за акти на терор кои и‘ се припишуваат на исламистичката секта. Во средата едно девојче загина во нападот врз полициска станица во сојузната држава Џигва. Во градовите Маидугури и Даматуру имаше експлозии на бомби, во кои меѓутоа немаше жртви. Во вторникот двајца државни службеници во сојузите држави Борно и Јобе беа убиени во оружени напади.

Боко Харам на локалниот Хауса јазик значи „западното образование е светогрдие“. Со терористичките акции организацијата започна во 2009-та година кога беа нападнати пунктови на нигериската армија на северот на земјата.

Автор: СН/ ЕМФ/ афп/ дапд/ ртр

Редактор: Александра Трајковска