1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Насилството во Египет добива на интензитет

Египетски војник е убиен, а 170 лица се приведени за време на судирите што се случија на вчерашните протести во Египет. Протестите се организираа поради исклучувањето на познати политичари од претседателската трка.

Египетското министерство за здравство соопшти дека загинатиот војник бил регрут и починал од прострелни рани во стомакот. Поради судирите пред министерството за одбрана во Каиро беа уапсени 170 демонстранти. Владејачкиот Воен совет преку државната телевизија информираше дека ќе бидат преземени сите правни мерки против лицата вклучени во насилството.

Египетските трупи користеа водени топови, солзавец и боева муниција за растерување на демонстрантите и нивно спречување да упаднат во министерството за одбрана. Протестите се случија на три недели пред одржувањето на претседателските избори во Египет. Уличните пресметки ги зголемија стравувањата за нов бран насилство пред изборот на Претседателот, кој треба да седне во испразнетата фотелја, откако Хосни Мубарак беше соборен од власт пред повеќе од една година.

Ägypten Unruhen in Kairo Verteidigungsministerium

Демонстрантите беа растерувани и со водени топови

Вчерашните протести на плоштадот Тахрир, епицентарот на минатогодишната побуна на народот, ги предводеа тврдокорните исламисти, бидејќи нивниот кандидат за Претседател беше отстранет од изборната трка.

Комитетот за заштита на новинарите информираше дека во изминатите три дена најмалку 18 новинари биле нападнати, повредени или приведени додека известувале за судирите во Каиро.