1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Насилства на изборите ќе ја оддалечат Македонија од ЕУ

Доколку има инциденти на изборите во Македонија, следниот извештај на ЕК за напредокот нема да биде многу позитивен, Ова во интервју за Дојче Веле го изјавува европарламентарката Дорис Пак

default

Дорис Пак, германска европарламентарка и познавач на Балканот

Дали ова не беше непогоден момент за одржување парламентарни избори во Македонија, кога земјата треба да направи решавачки чекори кон евроатланските интеграции, Дорис Пак смета:

„Ако би била искрена, тоа беше непотребно, но беше предизвикано со неуспехот за добивање покана за членство во НАТО, која беше спречена од страна на Грција со вето. Владата веруваше дека во овој момент е подобро да бидат одржани нови избори, зашто во рамките на коалицијата постоеја тешкотии. “


Во Македонија постојат интеретнички тензии


На прашањето дали тоа што изборната борба во Скопје беше засенета со насилни пресметки, со насилни методи и повредени не е контааргумент аргумент во корист на стремежот на Македонија за прием во ЕУ, Пак со објаснување:

„Во Македонија постојат сеуште големи тешкотии, најголем дел интеретнички. Македонското население не е етнички хомогено, околу 28 проценти се Албанци.

Тешкотиите, насилствата кои настанаа, претежно се случија меѓу одделните албански политички партии кои се борат за мнозинство гласови меѓу албанското население, за да можат да обезбедат учество во владата. Тоа се проблеми кои ќе се решаваат уште долго, се надевам дека в недела нема да има насилства. Во спротивно, следниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија нема да биде многу позитивен, чекорот за добивање на датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ ќе биде одложен за уште подолго,“ предупредува Дорис Пак.


Почеток на преговори не значи целосна зрелост


Дали е земјата зрела за прием во ЕУ, Дорис Пак појаснува:

„Не. Таа не е зрела, но почеток на преговори за членство, тоа го гледате кај Турција, не значи дека тие ќе бидат примени утре или задутре. Тоа значи дека тие требало да направат напори сето она што ние во последните години сме го постигнале во заедничката политика, заедничките закони, да го прифатат во нивните законодавства и потоа га го применуваат. Тоа ќе трае уште долго, не е како кај Хртватите кои веќе доста напреднаа на тој пат.“

Што може Македонија еден ден да и‘ донесе на ЕУ? Пак смета:

„Македонија се наоѓа меѓу Грција и Бугарија, кои веќе се во ЕУ, мислам дека овој регион во секој случај треба да биде во ЕУ. Тоа ќе донесе поголема стабилност во регионот кој последните години и децении носеше печат на нестабилност. “

Дорис Пак не сака да дава прогнози кога Макеоднија би била примена во ЕУ:

„Вакви прогнози не давам никогаш. Можам само да кажам дека таа ќе биде примена кога ќе ги исполни условите кои се потребни. Д а се каже рок однапред, како кај Бугарија и Романија, тоа ги заведува владите и парламентите да не прават ништо и само да го чекаат рокот на прием и да не ги исполнуваат условите. Не би давала прогноза, но тоа нема да биде во следните три години.“






►◄